амблем м.

амблем (м.)

Правиме колекција од амблеми...“ се прчеше Љупчо пред новиот другар.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Гледате, жртвите се спокојни. Не знаат што ги чека. Тивко ќе се доближиме и - цап! - амблемот го нема.“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Гледате - шрафцигер. Ама да не мислите ќе отшрафувам. Шрафцигерот го потпикнувам под амблемот, натиснувам и - го откорнувам. Ќе оперираме еден по еден.“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Сликата на безизлезниот лавиринт во кој исчезнува козарот со козите е јасен амблем на жестоката судбина на земјата под владеењето на интегризмот на сталинистичкиот комунизам.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Играта со културните нивоа на предметите по пат на амблеми, го допира и раширеното толкување на фетишите и општата космичка предметна заситеност.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Дело ограничено со една тромава естетика, производ на една уметност на најмало напрегнување, творба на една епоха на низок водостој и слаб проток, што би била состојбата во која се најдоа уметноста и естетиката во вторава половина на дваесетиот век; тоа дело го претставува одговорот на уметникот на оној став на публиката кој тежнее еден Лоеонардов портрет да биде преобразен во „ла Gioconda” - т.е., во нешто повеќе од едно дело, во некакво над- дело, во едно пренапрегнато дело, мит, амблем на секое уметничко дело - толку упорно присутна во своето самољубие, што и кога веќе не ја гледаме, нејзината насмевка, што наликува на насмевката на Carrol-овата мачка, не престанува да нѐ прогонува, дури ни тогаш кога сликата исчезнала.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Барокната свеченост по повод човечкото преминување во непознатото обележана е со споменични градби или ликовно јасни симболи на предмети како некакви амблеми на протагонистите.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Поистоветен со Едното, како политичка пракса и државен амблем на таа своја состојба, со поразот на тоа Едно губи целиот народ - БИДЕЈЌИ НЕ ДОЗВОЛИЛ ПОЛИТИЧКО КОНСТИТУИРАЊЕ НА СВОИТЕ ОПШТЕСТВЕНИ ПРОТИВРЕЧНОСТИ.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Тесен црвен појас, амблемот на Јуниорската анти-секс лига, и беше неколкупати обвиткан околу половината над комбинезонот, доволно стегнат за да ја истакне облината на нејзините колкови.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Како глава на бројното семејство Буколовац, Трајко бил и чувар на амблемата – магарешка глава со ѕвезда на чело, а испод глава полегнати на во косо две секири и два долги ножа, сето тоа исцртано на одбранбен штит, кој го носеле пред себе нашите предци.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Во таа смисла, неслучајно е одбрана токму категоријата време како амблем на бројните мали светови, кои пулсираат низ страниците на оваа книга.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Младинците сметале дека тој амблем - гемија на суво - најмногу одговара на нивната определба и разбирање: лица кои што мислат дека патот што го следеле сите обични луѓе стремејќи се кон егзистенција, бил несигурен, зашто на крајот, при постојните општествено-економски услови во Македонија, тој пат водел кон неуспех.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Самиот висок, добро развиен, тој имаше зошто да се држи гордо: беше стегнат во нова скаутска униформа, земена на послуга некаде од градот, на колкот му тупкаше скаутски нож, а в рака носеше троаглесто знаменце со извезен елен - амблем на нашиот вод.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
И не може насекаде, или било каде што ќе ти одредат случајните конвенции на историјата, да ја почувствуваш најголемата приврзаност за земјата, место во кое ќе ти се случи најбитното во животот, во согласие со вечниот ритам на природата, а не со наметнатите амблеми на еден друг живот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Додека гостите, со помош на организаторот Ниротакис Алимакопулос, ги заземаа своите места крај масите, Ласте Думбаровски беше растрчан меѓу нив делејќи им најлонски кесиња на кои, од надворешната страна, веднаш под стилизираниот амблем на „Здравје“, беше напечатена негова фотографија, крупен портрет во погледот исполнет со грижа за здравјето на народот, а во секое кесе, во тенка лимена рамка со димензии 30Х30 сантиметри, беше сместена фотографија со мотив на трн, најчесто магарешки.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Се сеќавам, во време на Панк наездата, еден мој школски другар целосно предаден на ерозијата на музиката, потрупан со амблеми на декадентниот рок, пред портата, на тогаш единствениот, универзитет во нашава Македонија, со цинична насмевка ме извести дека факултетот го влечка со години затоа што не може да се разбуди на време и ги преспива испитите.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Препознатлив знак им беше тоа што ноќе растураа летоци со втиснат амблем на два црни коњи во галоп на врвот на листот и со антирежимски пораки.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)