Анадолија (име.)
Како чауш и башчауш во јаничарските редови Мехмед во неколку крвави борби во Персија и Анадолија се одликува со вонредна храброст и јунаштина, а особено со војнички способности и многу придонесе за успешниот исход на борбите.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Да се разбереме овде. За такви Организациата нема апцани да и затвара, да и праќа сургун по разни градишта по Анадолиа.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Јас дотогаш понекогаш и си помислував дека и мене може да ми се случи да морам да заминам негде џенем, се разбира ако одлучи татко ти да си замине дома, во Новодеревјановское; жената секогаш е врзана со некој невидлив конец за мажот; ние сме сенки на чекорите на мажите; иако јас и не го прифаќав којзнае колку тоа; мислам на женското почитување ; но не зборувам само за себеси; зборувам за жените; за нивните среќи и несреќи; да, дотогаш помислував оти може да се случи и тоа, да заминеме некогаш заедно кон тоа негово Новодеревјановское; но тој ден, кога на чардакот кај дед Павел ја видов сета онаа церемонија, и оние глави без шапки што се веднеа пред Истокот како пред кандило, сфатив дека на Козаците и на другите Белогардејци им нема враќање, дека тоа никогаш нема да се случи, и дека стојам помеѓу луѓе откорнати од некоја огромна далечина и којзнае како довтасани дури до овде, до чифликот на некој си Турчин кој исто така е откорнат одовде и е фрлен којзнае каде, негде во Азија ли, во Анадолија ли, и тогаш навистина повторно помислив на Војните и повторно во ушите ги слушав проклетите војнички труби без да знам кој со кого војува, кој на кого му копа гроб, кој кого го черечи.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Откриениот сиџил требаше, конечно, да му ја открие тајната дали предците на неговата мајка имаат овдешен корен или, во некое далечно, далечно минато, биле дојдени од Анадолија.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Турскиот јазик со кој денес се служи населението во Турција (околу 60 милиони жители), помали групи од турско потекло на Балканот (во Бугарија, Македонија, Косово, Грција, Романија), како и неколку милиони во емиграција, започнал да се развива во Анадолија кон крајот на XI, уште од времето на освојувањето на полуостровот од страна на турските племиња дојдени од централна Азија под команда на Селџуците.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Јаничарите духовно по исламизирањето стануваа ученици и поклоници на Хаџи Бекташ (дојден од Анадолија во XIII век).
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Турската армија однесе решавачка битка врз грчката армија која беше длабоко навлезена во Централна Анадолија, благодарејќи на политичката и материјална поддршка на англискиот премиер Џорџ.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)