анџак (прил.)
Токо, анџак сме сами сега, и прв ден е по венчањето, кажете што сакате да ви зготва.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Првата вечер анџак се извиде Суло со пријатели. Дојдоа Колобан, Бино даскалот и поп Трајко.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Ќе требе нешчо да се работи. — Лесно е за работа, ами ајде, повелете дома. Анџак софрата е ставена.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Анџак е денеска сабота, ќе се враќаат пазарџиите и сигурно ќе бидат нападнати.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)