арчи (несв.)
Никако не му даваше рака на дуовникот за да го носи Силјана со себе на Божи гроб, чунки сакаше да арчи пари за него повеќе отколку што му чинеше ругата.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Остај се, бре чедо, од лошиот ајљазлак што си го фатил; остај се од тие лоши другари што не се домаќинска челад; тие те лажат, бре синче, да арчиш пари по пустина, та и ти да се осиромашиш после како нив!
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
МАРА: (земајќи ја погачата). Што ти требаше, мори кума, да се арчиш, жими господа ти велам...
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Рече само: „Да гледаш, да не арчиш ногу пари да не се пусти сермиа за едно маче“.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
— Не арчете си фишеците, ќе ви требат за утревечер!
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
За да се арчи стоката што побргу и капиталот да се коти како питоми зајаци по десет, дваесет, педесет и сто за едно, тој „правеше и друг себап“ даваше сѐ на вересија.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
така после и Бугарите нѐ држеа понастрана, првин ни дадоа да подработуваме околу казаните нивни, околу јадењата и Стеван Докуз стана поразговорлив, почна и тој да арчи зборови: ами судбина, Мирче, ќе ми рече, така ни било пишано, а јас ќе му одговорам: да му се мочам во писалката на тој што напиша така и Стеван ќе ја сврти главата и ќе земе да трупи дрва и да дроби компири и ќе џвака нешто-што било, - ќе прежива со устата, оти тој кога сака и колку сака може да огладне, колку што сака не може само да се најаде, гладта, ко кучка му стои на желудникот, во дупнато решето водата николку не стои,
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
По ударите и по одзвонувањата на алатите што ги употребуваше, шилести и сечевни глета, челични чивии „пунчиња“, запчести и рамни чекани, шкартели, шпренгли, скоби и други алати - знаеше дали е на добар пат или не, дали да запре на време и да не арчи попусто мака и труд.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Немаш фајде од мене. Ти помагам само да ги арчиме парите.
„Буре барут“
од Дејан Дуковски
(1994)
Според него, бидејќи решиле „да се арчат“ велешките младинци, иако биле добри ученици, започнале да бегаат од училиштето и да скитаат покрај морето.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Зарем не е несериозно времето да си го арчите во толку празни бладања“.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
А сонот не му ја мисли многу; зошто да си го арчи времето во објаснувања и додворување; му накалемил на валјакот сајли што ќе му го забрзат одењето, му додал некои нови каиши што ќе го раздвижат, горивото го дотерал така што пламен да фрла наместо чад, а потоа го пушти да ме казни заради необмисленоста на наредбата што ја издадов.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Наеднаш ми се причинува дека премногу се арчам во необмислени заскитувања.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Тетка Перса, пред таа да се досели, ангажира молер да ја освежи куќата, дури ја праша случајно можеби сака некоја друга боја на ѕидовите а не бела, Не, ѝ рече Пелагија, те молам тетко Персо, не арчи се, за наска ова е рај наспроти црната дупка во која живееме.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Поначесто, кога си одеше од работа, во џебот ќе ја тутнеше книгата што го интересираше и дома долго ја читаше, и покрај мрморењето на бабичката дека ја арчи струјата бадијала, кога знае дека денес ништо не е бадијала - ни струја, ни вода, ни ѓубретарина, ни пак лежарина за такви бадијалџии како него.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
За мене тие беа повеќе и од нашите големи празници за кои никогаш не арчев непотребни зборови но знаев да ги одделам од другите денови и на посебен начин да ги доживеам.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
А другиот му вели: „Што арчиш куршум за тоа гомно?
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Нормално дека ќе го остави кога на вакви ко мене си ги арчи парите!
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Но зошто да се арчиме околу тоа? Зборовите не можат да го изменат стореното.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Секој курајбер во животот сајбер јак зад компјутер во живо шалабајзер згодни на слики со фотошоп слој во град да ги сретнеш грди ко ној Брат со брат лафат на чат на интернет сите животи арчат забораваат домаќинки и ручек да прават на трачарска мрежа ломотат, гњават
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)