атентат м.
атентатор м.

атентат (м.)

Дури отпосле, од твојот разговор со Методи, ја разбрав вашата намера: вам ви треба човек што ќе го изврши убиството и ќе ви овозможи вие да останете неоткриени - човек што ќе умре, по извршениот атентат, од вашата рака и што ќе продолжи да ви служи, онака како што ќе посакате!
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
ЛУКОВ: Добро. Сега слушај ме. Утре ќе настојувате тој по никоја цена да не добие ориентација ниту за местото на атентатот, ниту пак за куќава.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Под изговор дека се чувате од луѓето на Ѓорчета, вие ќе треба да исплетете околу местото на атентатот таков лавиринт, што тој никогаш да не биде во состојба да се извлече од него без наша поддршка и помош.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Нели е свинштина да останеме по атентатот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Атентато врз околискио начелник беше извршен од него, вистината е таа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
На Илија Антонов и на кмето од Бучин им ставија по 40 оки олово и ќе ги судат како членови на ВМРО и за „учество во атентато“.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Простувајќи се од зимата на Женева и од пријателите,Кристапор Микелајн, сега како русин и под името Самуил Фаин, за Стамбол да ја проучи можноста за атентат врз султанот Абдул Хамид, за сите поробени, поточно за оние што веќе не можеа да го издржат робувањето под Отоманска Империја, тој синоним на злото.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ако тој тогаш се обиде да изврши атентат врз вас поради твојата среќа со мажот, тогаш во овој случај ќе му помине таквата желба.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Растејќи сред заканата од нуклеарна војна, атентати на саканите лидери, индустриски систем што пропаѓа, огромни национални долгови, религиозни фундаментализми (Христијанско-Еврејско-Исламски) кои фанатично сеат омраза и нетолеранција, стекнати дефициенции на имунитетот и неразбирачко занемарување на екологијата, тие развија здрав скептицизам во врска со колективните решенија. okno.mk | Margina #32-33 [1996] 46
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Еден ден учителот нѐ извести дека на кралот Александар му е извршен атентат. Тоа беше во 1934 година.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
За сега се знае дека во директните подготовки и во самите атентати учествувале дванаесетина лица.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Меѓутоа, Солунските атентати тешко можела да ги разбере таа јавност.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Во ова време во Велес се родиле и израснале и оние младинци што ќе го формираат Гемиџискиот кружок и ќе ги извршат солунските атентати во 1903 година.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
На 29 април 1903 биле извршени солунските атентати.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Преживеа десетина атентати, смртоносни авантури, истребувачките борби во Либан, чести обиди за ликвидација, среќен пад од авион.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во очај водачите на фракциите извршуваат крвави атентати врз невино население.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Како песна од Тоше испеана, атентат извршен, предавство блудно, видливост предвреме скратена.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)