афион (м.)
На работа! На труд! Да прокопаме меко полињата родни афион, тутун, житце да родат благородни.
„Бели мугри“
од Кочо Рацин
(1939)
Бел афион во тебе расцутил, жито расте, класи до појаси, ко море се лулеат по тебе – вширни ниви бурните овеси...
„Мое село“
од Ванчо Николески
(1950)
Ќе почека афионот за некој ден и друг — одговори Толе за мајка си и се тргна назад.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Уште в зори тропна Муарем на малата вратничка и почна да вика: — Ајде Трајкојце, ајде, ставајте посабајле, излегувајте на работа да не претерат афионот, оти ќе колит Адемага, жими вера.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
* Од него, од тој човек, на сите страни се пуштале ластари и тие што биле негови синови и внуци и синови на тие внуци плаќале данок како берачи и продавачи на тутун, афион, шеќерна репка и памук, како колари, јажари, самарџии, ковачи, воденичари, гробари, управители на пошти, пандури, архивари или ја заборавила ораницата зашто станувале металци, обликувачи на порцелан, попови, готвачи, прекуокеански печалбари, но тој татко, дедо и прадедо, Зафир Јосков, бил поп, распоп и солунски продавач на мирудии и малоазиски мелеми и пак поп во неколку села под востаничкиот град на Питу Гули, на Никола Карев и на другите, да ги спомнеме без патетика.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Иако не гледал во него, без причина наеднаш чувствувајќи мирис на бадем или на летно испарување на засечен афион, знаел дека тој држи нож во рака.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Еден саат чука тик-так, тик-так, Собирајте од афион мак Зрнциња кафе и пламено кајче и правете хероин за идните во воздухот сили поколенија; не чекајте време нема. Нечии мили кафени труби О, мила врбо бесрамна Наравоучение ни цицка, ни гс ко штица си рамна, Ако сакате да живеете долго исти се сите стомаци и да бидете здрави кога се полни бидете работливи како мрави. Кон одот за господа и божјиот суд на бескрајната Ако сакате да бидете први (верници) меланхолија во долината не бидете победни и од црви. сивите пци. 54 Margina #1 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Историја: опиумот е исушеното млеко од афион и во себе ги содржи морфеинот и кодеинот (од морфеинот понатаму се добива хероин).
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
О, сите ли вие кутри зајаци, чиј живот беше толку беден, колку зрно афион вреден?
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Почнаа да ме тераат на нива, на жнеење, на копање, прашење афион, истото ја тераа и Љубица.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Работна сила – само двајца. Среќа, се раѓал афионот, а друго од стока имале само коњи, магаре и два вола.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Инаку, во селото Сопот се раѓаше многу жито, афион, памук, лозје, бостан.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Дури и разговор поведе со него за родот на афионот таа година, за цената на катранот.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Бележи како душата со леснотија се сели во други суштества: калинки, полжави, јајца, афион, бубачки и особено во ...птици.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Неговиот поглед скита по бавчата и запира врз булката на половина метар од него – не во букет, црвени како во градината, туку издвоен, само еден лилав цвет на афионот.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Момчето Момчило ѕирка од чашката на афионот. Петгодишниот Момчило, кој се задуши јадејќи цвеќе.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Ги клукаш пациентите со седативи, како нашите баби малите деца со афион да не им плачат додека работат на нива, ги држиш успани како сенки, па одвреме-навреме ќе ги стресеш со некој електричен шок, божем да ги вратиш во стварноста - и тоа ти е целата терапија. Ветер и магла - таа психијатрија.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Како трн во око во тој момент ми падна државниот грб со првокласен афион кој патем беше комунистички рецидив.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Да имаш афион на грбот, а да забрануеш негово одгледуење и да увезуеш од Авганистан беше најголема иронија.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Треба да му се однесе ламба во собата, и тоа онаа убавата, порцеланската со насликан афион и со топка од матирано стакло, намерно тргната настрана за него.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)