ашлак (м.)
Ашлак, - му се истопори Аргир. „Самоволник, секогаш сака да врви само по неговото“ - помисли со негодување Веле за Аргира.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Иако работниците од неговата тајфа измачени од силната работа по дождови, припек и ветрови, недојадени и недонаспани - сакаа во тие часови да се повеселат и да си попеат - Аргир на средина им ја прекинуваше песната: - Таткови дворја ли дигнавте, бре ашлаци, та што сте се разгаштиле?!
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Не гледаш ли дека слушаме пренос, ашлак еден!
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Проаѓале низ миговите на движењето велможи и гладници, татковци на татковците што доаѓале, и ашлачки се клештеле задоволни од тоа што се без страв за синовите, внуците правнуците и правнуците на тие правнуци.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Ашлаку, сакаш да затруднам на рогозина без маж - тоа ли?
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Ашлаку неизмиен, рекла. - Кој тебе ќе те пушти да брцаш во мед за да си ги излижеш прстите?
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)