ајдучки прид.
ајдук м.

ајдучки (прид.)

Лесниот млак ветрец ајдучки се крадеше низ багремите и оставаше зад себе трепетливи шушкави лисја.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Некако чудно, како виновник, се чувствував пред Пенча додека потсмешливо ме мереше со ајдучките очи.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
До година, штом јакиот студ ќе ја запре палавата лапавица и штом по соголените гранки јануари ќе го обележи својот пат со остри кристали од мраз, на ајдучката глутница ќе ѝ се придружат уште четири млади волци, ќе вијат по снежната пустелија, и кога ќе навлезат в трло, ќе ги исколат овците и со замрзната крв на своите муцки ќе се нурнат во маглите на планината.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Невидливата волчица ајдучки ги следеше овците - претчувствуваше топла, блага крв.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ти, проклето ајдучко копиле, цедеше од себе, и тогаш на крај од мочуриштето, и десетина ноќи по тоа кога првпат влезе кришум во туѓ стан.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
А малите лукави очи потонати во сало, ајдучки демнеа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Некои вистински настани од ајдучкото, од комитското време, низ раскажувањата на дедо Иван или дедо Димо, веќе звучеа како легенди.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ги мијам со водата од оман, од петопрас, од копиден, од смил, од млечки, од ајдучка трева и наваличе, тики од потканатица, од прешлига, од среќа, од троска и од придавка, од трева кромидарница, и од краварига, од боливач и од наѓезмо.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Толку гнасотии им поминале што ниеден сапун не може да ги измие. Ајдучка работа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ти, проклето ајдучко копиле, цедеше од себе, и тогаш на крајот од мочуриштето, и десетина ноќи по тоа, кога првпат влезе кришум во туѓ стан.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ајдучка трева, штркоцвеќе, див овес, не знам што беше.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ја спојуваа забраната за убивање жени (иако ги убивале и ги продавале на макрои) со безочните ритуални верски молитви на својата божица, за добар ајдучки лов во злато и рупии.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)