аџилак м.

аџилак (м.)

Најпосле, беше кандисал дуовникот и го зел Силјана со себе за на аџилак.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
– „Аман, оче дуовниче, те молам, земи ме и мене со тебе на аџилак, за да се сторам и јас еден аџија, да и да умрам да не жалам“.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Се расчу низ село оти Силјан Божиноски си дошол од аџилак.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
И рече: Оче Симеоне, од кај ќе почнеме сега, вака без место на жолтиот Нојов кораб со пијано кормило? * Почна како што заврши еднаш, одамна, пред аџилакот во смоларата - згрчен и в крчма, помеѓу дождалците неподвижни и невесели зарад неговата бескрвност и крв во очите.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Се работи за пат којшто не е иницијација, ни аџилак, ни печалба.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Зошто не и тишина Зошто не и праг Што води во домот Слично на скали Што треба да нѐ одведат до прозорецот на душата Минуваме низ запален снег Во сончево јануарско утро Белината е кладенец Црешовите цветови Доаѓаат да се огледаат во него (Аџилак на нежноста.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Таа година од печат излегол неговиот роман Мојот американски аџилак (1953) во превод на македонски јазик.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
За своето заминување од Македонија во Америка и годините на економско-емигрантскиот аџилак во Америка, авторот речиси ги документирал во горе споменатиот напис: Па така јас дојдов овде (во Америка).
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
А романите Ова е мојата татковина, Мојот Американски аџилак и Орелот и штркот ги обработуваат темите од животот на македонските печалбари во Америка, а во ретроспектива авторот врши анализа на состојбата во Македонија и на искуството, доживувањата и психологијата на Македонецот во својата татковина и во туѓина.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Минале векови, и станало јасно дека не се врти сонцето околу земјата, туку земјата околу сонцето, за природните појави се барале дефиниции, а сепак и натаму божјите посредници ги прогласувале лудите за опседнати од ѓаволот, и спроведувајќи ја божјата воља одлучувале дали опседнатите ќе бидат лечени со молитви, или пратени на аџилак за да ги исцели светото место, или пак, ако проценеле дека станува збор не за опседнатост туку за доброволен сојуз со ѓаволот, казната била палење на клада, или бесење, или давење во вода.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)