бате (м.)

Златко молчеше гледајќи по неа, а потем замоли: „Бате, немој да ѝ речеш на мама дека ја задевав мачката!“
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
- Денес сите сте на ручек кај нас! - рече без посебен увод и без објаснување. - Ами? - се зачуди дедо Димо. - Бате Антим порача, - додаде Кирил.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Сестра ми ме повлече за полата и низ плач ме праша: - Бате, Кире, ја гледаш ли мама?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Ептен си левучар - му рече бате Николче.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
- Бравос- му рече Петре. – Сенце ѝ стави да ѝ се најде? - Иха- рече бате Јоле.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
- Немам лажица- реков јас како божем тој вистински да имаше чинија пилав пред него. - Со една ќе сркаме- рече бате Николче. – Братски.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Но, еве го најважното, бате. Што мислиш, што е тоа што ѝ се сторило сомнително кај него ?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Извини, бате“, рече. „Не можам да издржам. Тоа е од чекањето.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Вредница, а ? Што е тоа, бате. Претпоставувам дека е нешто малку премногу умно за мене.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сотирчо, штотуку допаткал околу петтата, наврен во зелена фанелка и басмени пантолонки, туку се тегни лево десно и подвикнува Бате, ене вреќа! Бате, ене вреќа!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Си се сладел така малечкиот бате Иле, додека едно попладне растревожениот глас на мајка му го викнала одма да се прибере од сокак.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Во Ново Маало купи куќа, во која често одевме на визита и во која после живееше син му, бате Иле со фамилијата.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Како признат хроничар на родот Буколовци и фамилијата Прокопиеви, бившиот адвокат бате Иле (така во семејството го викавме и ние, половина век помлади од него) долгата семејна историја ја зачинуваше со историски податоци уште од времето на османлискиот војсководец Лала Шахини, према записите на историчарот Пастухов (презиме што, признавам, не сум го провел, но кое звучеше во целосна согласност со предметот на неговото интересирање – инвазијата на турските освојувачки орди).
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Му се обрати со бате, а зборот сестро никако да излезе од неговата уста.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Како низ лут чад што штипе во очите, пред поткосените коленици му се прелеваа една во друга некои сцени препознатливи, а далечни: замрсено клопче од отуѓени луѓе со забавени движења што плетка нешто во безгласна кавга каде да се легне мртовецот - дали да остане на троседот или да се испружи на масичето со висната глава и подвиткани колена додека да дојде нарачаниот ковчег; помалиот син, Гоце, кого не можат да го одвојат од постариот и кој не само што му ја стиска туку и му ја тресе раката, постојано повторувајќи „бате, бате” во пуста надеж дека некако ќе го разбуди; жена му, не помирена ами умртвена од смирувачките средства, веќе забрадена во црна шамија, одеднаш остарена, преполовена и смалена, стопена како грутка снеговна на дланка, со прачки од раце во празниот скут; свеќата што гори над дамкосаното чело на Нако, што станува восочно до проѕирност; миризбата од козметиката на снаата, нешто меѓу темјан и колофониум; мувла од пештерска црква, а сè во мансарда од новоградба; испиени лица на светци од икони а само смртни грешници со подуени модрини под очите.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Пела и во сонот се појавуваше како сонце, бело бело и топло а потоа таа викаше бате Дончо јас и ти сме брат и сестра нели а тој нема глас да ѝ одврати дека тие двајцата не се брат и сестра само нивните мајки во исто време ги имаат родено и оти се најдобри другари им кажуваат дека се полубрат и полусестра и сакаше да ѝ каже дека се само две деца таа момичка а тој момче нели таа женско тој машко како што има жаба машко и жаба женско како што има гугутка машко и гугутка женско како што има којн машко и којн женско како што има вол машко и вол женско и ние сме како нив и токму ска да ѝ каже во што е разликата меѓу машкото и женското го изгубува привидот на Пела сонцето и белото и ќе врекне со широко отворени очи Их, пак само сон!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Еее, сега ми стана јасно зашто у официјална визита не се дојдени ни Бате Чире, ни Тхе Ред Бане, а нема да дојде ни Хорхе Ивано. Нема кој да ги пречека.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Во тој момент недостигаа само сестрата Љуба и батето Жучко да се прегрнат и јавно да мастурбираат.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Се сети и на нивните зборовите: „Е, бате, Стојмене! Имаме земја колку ти гледаат очи, салаш со азган коњи, но што ни вреди кога челадта не одминува.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)