батенце (ср.)
Бреза во тој момент влезе во собата и кога ме виде дека плачам, ми се фрли во прегратка и почна да ме смирува: - Батенце, не плачи, мене ми е многу жал кога плачеш. Да не те боли нешто?
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
- Каде е сега мајчето Минадора да ти помогне, батенце? Ја нема. Ти се стегнал грчмулот, те заборавила.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Помоли ѝ се, батенце, на проказата дедовска, рекол грчав и без светлост во разумот. - Не си ти игумен меѓу дивјаци.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)