бања (ж.)

Подбрадена со една црна шамија, едно палтенце подебелко да не ѝ студи, место опинци обула чевли, со танки чорапи — небарем на бања ќе оди.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кога е Зоки Поки во бањата, за тоа треба да знае сета зграда во која тој живее: И знае, ами како!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Тогаш Зоки отиде во бањата, ја зеде четката за пајажини, ја стави под мишка и почна важно да шета низ собата.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Французите многу се излежувале, имале таму направено бањи, добивале неограничен број цигари, а какаото им било како вода.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Раскошна архитектура, мермерни шедрвани, бавчи и цвеќиња и двор опашан со висок ѕид, босфорски води, огромни мермерни столбови. 14.500 кгр. злато, кристал, хареми, тешки персиски килими, мермерни бањи, уметнички слики, фрески, полилеи, едно баснословно богатство - тоа е „Долма Бахче“...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Над реката Вах во Пјештани има два моста, едниот е за сообраќај а другиот за пешаци, оној што води кон вратите на Купелниот Остров, во Пјештанските бањи.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Бањскиот комплекс, кој се протега пред нас, е огромен, речиси готов, со неколку хотели, бањски центар, културен дом, а се меѓусебно поврзани со мостови, тунели.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Внатре е пеколна жештина. Жена му со детето веќе спие, а тој се гледа пред големото огледало во бањата.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
- Каква бања, човеку... - му велеа луѓето луто.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Сакајќи Илко да ја види бањата што побргу изградена, често им зборуваше на селаните: - Штом досега не избувна вулканот, нема ни отсега...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Се потпираше со грбот на некое дрвце, тргаше на лулата и гледаше во огромното небесно синило над себе, во блескавата ереска вода во далечина, гледаше во зелената шума наоколу, го слушаше пеењето на птиците, шумот на водата што се спушташе низ брегот - и си замислуваше како ќе изгледа бањата што ќе биде изградена овде кога ќе запре чадот.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Се вртам така во бањата, ме фаќа уплав.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не осетив кога влезе за да ме изведе од бањата, од огледалото. Поминала фортуната и ме изведе.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Е, овде, којзнае по колку време, влеговме во бања.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Ведане, оди најпрво во бањата и искапи се, - нареди татко ми, потоа ќе ни раскажуваш надолго и нашироко. Неволно го послушав.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Но кога дошол за игумен во манастирот отец Никодим Синаитски, страден за сонце што во изобилство го имало во Синаја, ги разрушил сите тие тесни и мрачни келии, ги преправил, ги преуредил: им отворил големи прозорци да гледаат кон езерото и Полето, ги споил и направил за себе убава одаја за спиење, бања за капење, простор за вршење нужда, одделение за држење пијалоци и трпеза во која ќе го служат.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Ти – згоден патрициј, образован во Гимназионот, чиј конзул на филозофија беше Псел лично, јас – горда ќерка на дивиот нормански барон, која, од темниот смрдлив замок, во кој спиеше на подот, покриена со правливи кожи од мечки, пристига во светла палата, со ѕидни мозаици, егзотична трпеза и раскошна бања.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Угаси го светлото и запали свеќа – со палтото во рака, се повлекува во бањата. Свеќата ја залепувам за пепелникот.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Dans le bain (буквално: во бањата), секако е идиом во вистинското вплеткување во нешто, така што, само што сме продреле во спиралите, веќе сме вовлечени во првата фаза од нејзината имплицирана вулгарност, па неизбежно и во сексуалните конотации на целата фраза.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Сега влегуваме во станицата Сен-Силпис, некој покрај мене се исправа и заминува, Ана исто така останува сама пред мене, престана да гледа во чантата и на два-три пати нејзините очи расеано ме пометоа пред да се загубат во рекламата за бањското капалиште која се повторува во сите четири агли на вагонот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Повеќе