безделничи (несв.)
Имаше премногу грижи за да може да им се предаде на задоволствата кои можат да бидат тоа само во безделничење.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Можеби им рече на Самарија и на Арнаутче и тие да чучнат, да си поразговараат малку со составени глави, и можеби првиот веднаш почна да раскажува во што згрешил господ кога го создавал и кога го средувал светов (ќе се обесам ако на светов нема премногу иловица и камен!), но јас не се потпрев со дланки на прозорското дно за да зјапам во безделничењето на луѓето и да ги гледам како три згрбавени врани со сити црева.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
* Во извикан празник, во „Неподвижниот делник“ безделничам.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
Гајле ми е што е... Јас безделничам низ улиците, планините и гнасотиите.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Јосиф го набрчка челото во знак на чудење, но спокојно продолжи по патот, решен да го помине целиот ден во безделничење, преместувајќи се од клупа, на клупа, а и како да не се преместува, кога на една фалеше даска за седнување, на друга даска за потпирање, на трета, ногарки...
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Бегав колку можев подалеку од маглата на безделничењето, сивиот чад на катадневието, неподносливоста на монотонијата, затоа што таму во тој загушлив простор губев парче душа.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Дали сме доволно очајни, луди, изопачени зависно од точката на гледање кога ќе не надвладее потребата дали од безделничење или од чиста пакост, злоба и алчност да имаме храброст да ја реконструираме вистината, за секој од нас да си има по една вистина.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Гледањето на епизодата„ А што правеа славните оваа седмица?“ во каде што гостин е неговиот брат беше неговиот омилен начин на безделничење.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Беше свесен дека освен убавите мигови со Рада, сето друго време беше денгубење и празно безделничење.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)