бездна ж.

бездна (ж.)

Настапи тишина од која на човека му се присторува дека ќе потоне којзнае во каква бездна.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Патуваа со мене над бездни, и јас не можев да чујам од железниот грмеж дали свири ветар во нивните празни усти.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Летав носен кон бездни, кон неизвесност;зад мене не остануваше ништо освен мртви приказни згрчени призрачно под мрак, удавени во досаден мирис на етар.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Додека воденичарот го мешаше со вода пченкарното брашно во котлето, на ранетиот му се стори дека паѓа во некоја бездна јама.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Кога го чу својот глас, развлечен и матен како закан, како порој на оловни слогови кој не ги бришеше сенките на патот туку ги оживуваше, го влечеше по себе сенките-сведоци или јатаци, сеедно, до една бездна во која беше сѐ непознато и над која веќе немаше ништо освен ехото на тие слогови - „Да живеат сите ножови на светот!“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Бев човек што оди кон неизбежна бездна. Јас - бездомник, провалник, чедо и брат и роб на гревот.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Не остана ништо у човека - над најгрдото виши и провалиите ги зарамни и бездните и реките ги доскапчи камен црн гол камен.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Под дното ви бездна небид врз ви мост - копја и векови .. .
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
А Прилеп за младите беше бездна во која секој момент можеа да пропаднат.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Не остана ништо у човека над најгрдото виши и провалиите ги зарамни и бездните и реките ги доскапчи камен гол црн камен!
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
5. Паѓање, непрекинато паѓање. Околу него се кршат недовршени предмети и патуваат кон бездната на еден непознат свет.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Си пиел ли некогаш, другар брат? се сети пред тие клепки на млаката вода во бокалот и сфати дека во тој миг пука во него бездна на рамнодушност. Во неа, како лавина, неотпорно се тркалаше отпорот.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
И не знаеш што е тоа месечар. Не знаеш што е тоа лов на вештерки, не те мамат зраците на небото кон бели бездни.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Мракот го потонува во својата бездна и него исето околу него.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Само еден понемирен бран на возбуденоста и тој ќе избувне искрен и слободен и ќе го урне во бездната она за што е дојден и што вака пристрасно го носи во себеси.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Мудро е решението на Глигор. Умри надвор од оваа зандана: во длабочините на морето или во некоја бездна, слободен и горд...“
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Оние што ја заборавиле својта човечка должност нека ја видат бездната на својот крај.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Беше на едно високо скеле, сега веќе ѕидар, а некаде во него, вкоренувана низ сите оние изминати години, долги, од неговото детство, почна да ги подава своите отровни повитки, една ужасна бездна, да се отвора и да се длаби пред неговиот поглед и да не му дава мира да се размавне и да работи, како што знаеше тој, како што работеа сите други мајстори, и во сонот опоменувајќи со длабочината на провалијата под него, ниеднаш не позволувајќи му да подзаборави, да си ја сочува онаа свикнатост со не.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Да не дочекаш да ја видиш и ти пред себе онаа бездна, што ја има видено она старче, со едното покусо рамо, бригадирон Језекил, и да не се всади и во тебе страот што човекот мора да оди исправен...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Само една огромна, до болка раззината ужасна глад, во тие испрекрстени писоци, пред кои се отвораше и молкнуваше целата Долина, сета ноќ, сиот свет, престорувајќи се во некаква бездна празнина, што не можеше дури ни да се одзвие, ни да одекне, ни да одѕвони.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Повеќе