безживотен прид.

безживотен (прид.)

Безживотни, болни раце, потресени од судбината на играчката со истргната нога. Раце, имате ли виза за животот?
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Рацете ми останаа на маса и бев неподвижен, туѓи, безживотни, како стиснати под товарот на моите мисли.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Надвор во густата безживотна бара лежеше ничкосан на една страна коњот и самиот безживотен: здрвени нозе, забуцана муцка в кал, а на црвеното чело чавка со кокетно накривена глава се бара во огледалото на лилавата зеница.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Чувствувајќи во себе безживотна разлабавеност и смекнатост, се заврте и извлече од џеб долга батерија.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ударите на нивните чекани густо јачеле со безживотност на напукнати ѕвона. Површината околу линијата се ронела парченце по парченце.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Забелот, како изделкан од огромна грамада стврдната смола, можеше да крие во себе други еребици што ме исчекуваат со залепени гради за суви тревки и слични на безживотни базја, или криеше жолтоок лисец со мудрост и итрина закопан во некоја грмушка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Главата му висеше како туѓа, како извлечена од безживотен песок.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Дури и кога не ја спомнувавме, таа беше присутна со своето давеничко тело - толку дебелкасто во споредба со твоето - и нејзините тажни гради со збрчканите брадавици и скиселено млеко - толку отпуштени во споредба со твоите кои сѐ уште распупуваа - со нејзиниот надуен стомак и срамна грмушка безбојна во блесокот на електричната светлина, со нејзината замрсена, глибава коса и надуреното, спокојно лице - толку безживотно во споредба со твоето - и бледата кожа, бела како молња, како блиц, белина што не може да се постигне на дневна светлина - колку почнав да го мразам тоа бледило, толку студено покрај цветот на твојата кожа.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Или во тој проклет занес безживотен прав ќе станеш!
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Но беа обична имитација на неговиот поранешен стил и чудно безживотни и неубедливи преџвакувања на стари теми - за жителите на бедните делови од градот, за изгладнети деца, за улични борби, за капиталисти во цилиндри - изгледа дека дури и на барикадите капиталистите ги задржувале цилиндрите на главите - еден бескраен, безнадежен напор за враќање во минатото.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Не го гледаат чисто, ама сите ги забележуваат црвенозлатните перја на петелот и безживотната глава провисната меѓу малечките прстиња на детето.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Сокриена сензуалност Рафинирана еруптивност Во звуците на една џез мелодија Се раѓа, умира и воскреснува Сака да направи пресврт Во животите на оние како нас Кои зачмаеле во монотонија Во меланхолија Во безидејност Во безцел Во бездејство Во безумие Во безбоштво Во бесмисленост Во безживотност Во бессознание Во бескрупулозност Секој во својата несовршеност Продолжува да верува дека Работи Создава Љуби Постои Зачекорен со наведната глава Не подзапирајќи ни за момент Да се запраша Да погледне Да спознае Една вистина Која не толку длабоко сокриена Искрено чека да ни погледне в очи 2008
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Згрозена сум од таа тажна слика која ја открива расипаноста, бесрамноста на човекот, човекот како Левијатан претворен во безживотна марионета.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Таа порта сега е безживотна живее а не постои...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Ако си решил малку по малку, твојата љубов да ја снемува... ќе ме снемува и мене, дел по дел од мене ќе умира... како ветар ќе минуваш низ мојот живот, и ќе ме однесеш до безживотниот брег, и таму тивко ќе ме снема во бескрајот...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)