белутрак м.

белутрак (м.)

И забите му се наредени ко пченица и цела уста, бре, зошто да кријам, цела уста му е некако ко изворче полно со белутраци. Така ми гледаа тогаш очиве.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Некого ќе го касне оса и тој ќе се стрча кон реката да се трие со песок, со белутрак.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Секаде кај што ќе им се забелее нешто, ко белутрак, копаа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тоа утро боите на небото беа портокалови и сини и виолетови и понекогаш мошне црвени и понекогаш жолти или пак чисти како водата над белутракот.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Станав свесен, дека сега ние живеевме во два различни света, јас во мојот свет на маказарските белутраци и ендеци, свет на луѓе на кои не можев докрај да им влезам во душевната трага, свет на сеќавања и на обид да се дофати течението на времето и на судбините во него, додека нејзиниот свет беше свет на главниот град, на секојдневното одење-идење на работа во Центарот, на пробивањето меѓу автомобилите наутро, на ситните и покрупните злоби и зависти, на студијата за проблемот на власта која требаше дефинитивно да се напише, на борбата со тој проблем како со личен проблем или на повременото уживање во музиката на големите концерти, кои таа ги сакаше.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Колку е убаво потоа кога ќе седнеш на големиот белутрак и ќе се загледаш негде далеку и високо.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Цели три дена од последната недела, по посетата на онаа таткова нива во Далјани, ги превртував сите камења во атарот на Маказар, како мечка што превртува белутраци барајќи мравки.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Во секој ред ѕидарот клавал по еден, по два. А кога ќе го главел белутракот го вадел секалото и пробувал дали каменот фрла искри.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Жената, меѓутоа, клекнува пред еден трупец, ако не за колење петли барем за цепење дрва, па прво со ножот ја распорува кратко по мевот и ја чисти од сиромашната внатрешност, па потоа со рендето ѝ ги струже перките што летаат наоколу како искри од белутрак. Така, една по друга, сите рипки како изглодани кочанки пченка, сега мирни под мишка.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Фаќаше од око најнеочекувани рекурси, се наведнуваше и се искачуваше со камерата како со џебен фотоапарат за семејни фотографии, ги ловеше последните зраци на сонцето по брановите преку камењата, правеше смели швенкови од карпестите врвови до распенетите вирови, се задржуваше со крупни планови по брановите бистра вода што ги преплавуваа изделканите белутраци по свиоците, успеваше да фати и по некој растреперен цвет на колонеж или скриена циклама во цепнатинките на скрките.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Секој што е посматрач однадвор може само да претпоставува, а единствениот што е внатре не може ништо да каже зашто ќе изгори - како што прегорува дивиот белутрак суво нареден како одвнатре изѕидана варница во делотворен варовник.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
4. Меѓусвет: габи Нивните форми ни сраснуваат за погледот и се огледуваат, привидни призраци, во воздухот: чадорчиња затворени со сласна слузокожа во бела мека лека обвивка памучни жизнерадосни белутраци млечни фереџиња повлечени, со тек на време како лажни ветувања демодирани манири на постоење; дволики појави, многуглави ламји - сенките предвреме да се насетуваат со флуид на влекачи и глодари за да биде кошмарна прошетката да има наезда на невестулки да има сѐ на претек: царски ѓубрарки, сончарки или „кукмарки“ (име за сѐ!) галапки, пупавки, млечки, рујни рујници јајчарки со боја на манго на папаја, јапонско лале или јаболко летни вргањи распукани како петици како суводолица збувнати небаре херпес по грозница.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
А малку потоа посака да рече дека само своите знаат да те суредат така што никогаш повеќе да не се разбудиш; но во тој момент вниманието му го привлече белутракот во калдрмата и веднаш оцени оти по десетото зрно, што веќе длабеше во него, ќе удри на белиот камен токму со челото. ___ * блуза **чета
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Од веѓите до малото прсте едночудо снежни клавирски дирки по кои како низ тврди белутраци се слегува до бунарот на старите мечти.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Цела ноќ Радица се превртуваше, како некој да ѝ го беше наполнил душекот со белутраци.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)