бескомпромисен (прид.)
Не бегајќи од конкретното и секојдневното, а напротив, впуштајќи се смело во искажувањето на она што бездруго треба да се рече, за да му се затре семето, за да не се повтори, Чинго ја зацртува својата социолошка линија антиапологетски, во највисока мера критично, непомирливо, бескомпромисно.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Ако првата книга тоа го наслути, „Нова Пасквелија“ несомнено потврди дека со Чинго во нашата литература стапи автор кој загрижено и ангажирано го набљудува животот, бескомпромисно го одразува сето она што се одвива пред неговиот љубопитен поглед и дека таа загледаност негодува и се напрега до прснување, до иронија, до темен, мрачен хумор секогаш кога во тој живот пукаат нишките на хуманото и разумното, секогаш кога се расплинува и исчезнува правината, кога згаснува идеалот, кога зацарува глупоста и незнаењето, секогаш кога заблудите и грешките ќе ја изопачат и убијат убавината и човечноста.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Уметникот, исто како и шаманот или монахот, поминува низ многу искушенија пред да ја верифицира својата концепција за гениј, адепт или светител (Божји лудак); патиштата низ кои сите нив ги влечат донесените одлуки се подземни, алтернативни, често пати бескомпромисни и согласно на тоа губитнички.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Ласиќевиот Крлежа стана општествен конформист (во смисла на „хегеловската прагматичност“) затоа што престана да биде фанатик на бескомпромисната моралност со „димензија на библиски пророк“.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Налетав на дузина интелектуалци мудруваа гласно ко кучиња чопор се јадосав, сакав да ги ишамарам сите сметав дека тука не припаѓам воопшто Од сите тие повраќаници гнасни почна да ми се превртува желудник блеев ко теле во ѕидови празни во салата не видов ниеден згоден задник Се чуствував како бескомпромисен лудак од тие бескорисни пијавици гадни со дебели задници фотељи што дупат одвратни џганови интелектуални Отидов до паркот и налетав на старци заљубени парови се шетаа често во паркот не видов интелектуалци го вратив спокојот и срцето на место
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Неколку дена подоцна случајно пронајде ново име и телефонски број кои Марија ги имаше запишано во домашниот телефонски именик, а бескомпромисната луцидност на љубомората му шепна чии се.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Климент Камилски, запирајќи го читањето, размислуваше зошто немилосрдната и бескомпромисна шпанска инквизиција им се смилувала на рицарите.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)