бескрај (м.)
Развевај, ветре, в небото горе, развевај знамиња бескрај, празнувај празник, Родино мила, на трудот празник - Први мај!
„Мое село“
од Ванчо Николески
(1950)
Развевај, ветре, в небото горе, развевај знамиња бескрај, празнувај празник, Родино моја, народен празник - Први мај!
„Мое село“
од Ванчо Николески
(1950)
Патуваш во неврат и ќе бидеш една капка бол во мрак, крај во бескрајот.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Плови бродот по синиот бескрај и гони далечини без пристаништа, без сакани средби, далечни заборавени, пусти, глуви.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Но кавалот исчезна во белиот бескрај заедно со побратимот и со големиот брод...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Небото беше избегано и потонато некаде далеку во бескрајот.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Што друго да прави тука, освен да брбори и брбори до бескрај!
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Но сепак ведрата синевина над главите успокојуваше и ги поврзуваше душите со светлиот бескрај.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Мирен е во бескрајот песочниот океан, но понекогаш бура ги крева правливите бранови и во нив Едип еден ден исчезна.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Би можел да плови низ неа со својот поглед, би можел да се вивнува во сите нејзини неизмерни, незамисливи глобочини и да открива секое нејзино катче по бескрајот, исполнет до пребликнување од сите оние црвеникави допири на топлината по лицето, а пак да си остане отпуштен и така сосема, сосема мирен.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
И ќе продолжам, си рече, но тоа не може да оди во бескрај.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Остана, загледан во крвавата дира, што се оддалечуваше пред неговиот поглед некаде во бескрај меѓу ретките стебла, што ја обрастуваа белата странка пред него; во неколку наврати беше дури и задоволен од сето она.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
14. АНГЕЛОТ МУ СЕ КАЖУВА ЗАТОА ТАКА ГЛЕДА - не Архангелот Михаил на смрт што вадел душа, ами некој од ангелите што блескаат ко веда процепувајќи го небото - бескрај да му внушат...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
Нивното гракање се доближува и се оддалечува, се губи во бескрајот што го скорева студот.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Страшното рикање на брановите, таа силна бура онаа ноќ кога дојдовте на свет, тој голем страв, неизвесност, се губи мигум во оној час кога вашето светло, леко крило ќе го допре маѓепсниот бескрај на пространството.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Имаше чувство дека се слева со бескрајот, дека и неговото сопствено тело е бескрај.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Точка-збор кој зрачи Со безброј лачи: Точка - крај, точка бескрај Точка - почеток, зачеток На вселената, на човекот, Точка во човекот, во битието, Точка на секот и пресекот, Точка - зрно на зачетието.
„Сонети“
од Михаил Ренџов
(1987)
1. Да пловиш или леташ Исто е, штом си вон од себе, Излезен од својата кожа, ум, Ако си небесен друм, Упатен кон Севишниот дух И ти дух си, невидлив, молчелив Делче од бескрајот од етерот Од ветерот кој те носи, носи, Тогаш што си? Небитие?
„Сонети“
од Михаил Ренџов
(1987)
...раката подигната во мигот да го заштити лицето од ненадејниот блесок и додека сечивото на светлината се забива во неа низ сенката низ слабоста на погледот препознавам како утрото истечува од случајно превртената шоља за чај лизгајќи се по жолтеникавата мирисна патека долж која треперат ларвите на прекршениот бескрај... ...тогаш низ напукнатите ѕидови на воздухот што раката ги распорува на повратокот кон долу твоите заробени очи на презреана девојка безгласни а сепак меланхоничниот звук на флејтата очите твои нејаки оази на осамените ноќи сред сјајниот цут на светлото потиснат шепот на бледите траги по врелите јужни патишта...
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
ТОЧКА Точка - збор кој зрачи Со безброј лачи: Точка - крај, точка бескрај Точка - почеток, зачеток.
„Сонети“
од Михаил Ренџов
(1987)