беспоштеден (прид.)
Додека француските материјалисти го подложија на најбеспоштедна критика сето она што не му одговараше на здравиот човечки разум, прогласувајќи го разумот само за еден составен дел од механички сфатената објективна природа, — Кант со прониклива критика на тој разум дојде до заклучокот дека природата и разумот се две изделени „ствари за себе“ и дека формите на познанието му се дадени на разумот “a priori”.
„Значењето на Хегеловата филозофија“
од Кочо Рацин
(1939)
А кога во ноќта како пред огледало минатото се слее во иднината беспоштедно ме прогонат во мракот двете будни очи на вистината.
„Слеј се со тишината“
од Ацо Шопов
(1955)
А тој трмееше под бремето на својата тешка болка, која на еден ваков нечесен начин му ги врзуваше беспоштедно сите негови мускули и сето време мрмореше нешто и гледаше пред себе со широко растворените очи на страот, кои веќе не можеа да видат ништо во неговите природни бои, пред кои сѐ друго, освен тој страв, остануваше скриено.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Но, дека во концептите очигледно настанува хаос (хаосот е етер!) доказ е и пробивањето во материчниот простор на подрумот (кој служи и за „оплодување“, точка на средба не само меѓу внатрешното и надворешното туку и меѓу машкото и женското, а што можеби е едно те исто?!) на младиот господин Робин, уште еден сперматозоид во беспоштедното умножување на одрази, знаци и медии?!
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Не постојат јагули што не поминале низ утробата на песна (карпине од западниве планини поминуваат само низ бакарен залез) Инаку што ќе претставуваа свирепите беспоштедни талкања и авантури на јагулите по студените води високо високо (низ каменото планинско грло), кајшто рожбите на тајните ги убиваат сестрите тајни.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Му закажав војна на инаетот од инает сакав да го згазам и закажав војна на омразата зошто и неа ужасно ја мразам Му закажав војна на гневот го прогонував и кон него се гневев му закажав војна и на гревот за малку и него ќе го средев Му закажав војна на стравот и сакав од страв да го стресам му закажав војна на егото и него да го обесчестам Му закажав војна на лукавиот и лукаво сакав да го сотрам ѕверот се разбуди во мене да го уништам и него ќе морам Си закажав војна со себе безпоштедна со премногу мртви си закажав војна без крај војна со страдања и жртви
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)