бетон (м.)

Залутав одамна љубопитна во овој грд пејсаж од железо цреп и бетон но сепак останав жива Сега сум малечка полјанка на туѓите убави надежи за кои го крадам неверна ветерот од реката Безброј патувања им нудам на очите и стапалките што паѓаат уморени на моите сиромашни откоси Но спомени имам и јас па свенувам штом ќе ми шепнат дека сум била шарено крило на убавината Шарено крило на младоста во коренот на плитките води што растат со жолтиот спомен во купишта од сено
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Таму, на крајот на земјината срцевина е темелот на камен и бетон.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Језекил го повика малтерџијата да му донесе бетон, беше сам на таа височина, ѕидарите крај него беа ги зарамниле своите редови.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Будимпешта остава многу силен впечаток со зачуваноста на старото и токму тоа е она, што ја одделува од другите европски урбанизирани средини, во кои доминираат бетонот, железото, правата линија.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Го барав тоа малечко отворче на ѕидот, иако знаев дека тоа беше бетон, цврсто граден ѕид точно за вакви прилики.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
- Насмевки на метар. Бетон во вените.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Употребивме бетон од врвен квалитет.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Во студениот бетон беше неповратно жртвувана енергијата на еден цел народ, жртвувано неговото време.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Колку што земјата запаѓаше во поголема беда, бункерите стануваа поцврсто градени, со поголеми количини квалитетен бетон и челик...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Во почетокот на дваесеттиот век визијата за едно идно општество, неверојатно богато, неоптоварено со работа, уредено и делотворно - за еден блескав антисептички свет од стакло и челик и снежнобел бетон - беше дел од свеста на речиси секој образован човек.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кон мензата на градежното претпријатие Бетон беше придодадена една одаја, ѕидана, легната на самата земја, оти душемето на одајчето од надворешната кал ја делеше само едно прагче два три прста дебело.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Идеалот поставен од Партијата беше нешто огромно, страшно и блескаво - свет од челик и бетон, свет на монструозни машини и на застрашувачки оружја - нација на воини и фанатици, кои маршираат напред во совршено единство, сите мислејќи исти мисли и извикувајќи исти слогани, постојано работејќи, борејќи се, триумфирајќи, извршувајќи казни - триста милиони луѓе сите со исто лице.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Помолче така и загледан во бетонот под себе, рече: „Абре“, рече како за себе, „убаво е што некои луѓе можат да одат по местата, ама каде да одиш, од себе онака ни за влакно не можеш да се поместиш„.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Едни копаа, други правеа цемент, трети ѕидаа со ред: бетон, железо, железо, бетон.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Се трудев да ѝ ја објаснам мојата положба, непријатностите со сенките, мислам дека го спомнав и недоветното будалесто смеење на Јана, на твојата пријателка Јана, (токму така ѝ реков), но Катерина се преправаше дека ниту нешто слушнала, ниту нешто видела; (постојат такви моменти кога мојата Катерина в очи ми се руга, а лицето ѝ е невино, невино, како на палаво годиначе кое тукушто проодило), а притоа сепак, најприсутно барем во моите размисли беше она нејзино одречување, дури и спротивставување (како сум смеел да си претпоставувам дека таа дружи со сенки, а посебно со сенката на некоја Јана), а посебно ме изненади нејзината забелешка дека неа никогаш не ја интересирале русокосите фолиранки, и наеднаш ме заплисна некоја заедничка смеа, смеењето на двете жени, на Јана и на Катерина, кои како сенки се оддалечуваа по некоја спирална скала, а јас (тоа беше навистина за чудење) открив дека се наоѓам во ходникот, дека сум седнат на бетонот, и тоа пред врата што веројатно беше нашата, а притоа вратата беше заклучана.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Што ти е тоа бетон? - Ќе видиш.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- На другарчево пиво, а мене бетон.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- Значи, тоа е бетон, - разбра Ване, судирајќи ја својата танка чаша со неговата дебела кригла во подразбирлива наздравица.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Работев на документирање на Долнец и на браната уште на почетокот од изградбата, кога се ставија првите лопати бетон, и тоа ми ја олеснуваше работата.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Поарно ми е три лози, две пива — бетон. (Пауза) Вие мислите јас сум стар, излапавен.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Повеќе