бетонски (прид.)
Две патерици на бетонскиот под... Многу свеќи и многу шепоти. Воскресение.
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Јаким се отпушти на бетонскиот столб, омаломоштен и свенат, како исушено дрво, што ја изгубило и последната жилка, што го сврзувала со земјата...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Потоа се беше вода не може да ја запре ни бетонска брана.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Беше тоа еден таков морничав страв од височините, а во соништата тој му се прикраде така, што секогаш се изнаоѓаше себе си осамен и несигурно стапнат на скелето на една толку висока градба, која ја имаше височината на сите оние недобројни зданија, создадени од него, уште од неговото детство, наредени едно врз друго, од кој наеднаш тие скелиња почнуваа да се отпетлуваат, бетонските плочи остануваа да висат над провалијата, тулите се трошни под неговите стапала и тој онаков малечок, навистина пргав, кажав, но наеднаш толку мал и страсен не можејќи да стори ништо друго против тоа, се отпушта оттука надолу, во онаа бескрајна празнина под него, која чиниш со жед го впива во себе неговото до непостоење лефтерно и ситно тело...
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Таа не сакаше да гледа во купот цигли, бетонски плочи, искршени предмети, што беше останал од нашата куќа.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Сега од чешмата е останато само бетонското корито и нечистотија околу него. Цевките, славините ги нема, водата ја нема...
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
На бетонскиот под е фрлена само една рогузина.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Моите чекори глуво одѕвонуваа помеѓу двата реда високи и безоблични бетонски згради.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Љупчо водеше низ врбјакот до бетонскиот мост.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Бесмислено се креваа граничните ѕидови, највисоките беа на Балканот, се градеа нови бетонски бункери, се урнуваа старите храмови на верувањето и сѐ во името на среќата на човекот!
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Една друга река, бетонскиот автопат, воопшто не течеше; лежеше пусто блескајќи.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Дрвцето внесуваше живот и радост на пустиот бетонски двор меѓу зградите.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Слегуваа и во дворот да го гледаат дрвцето одблизу и да му се радуваат што внесе живот во овој пуст бетонски двор, сличен на затворски круг, плашејќи се дали ќе успее да издржи, да одрасне.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Од куќните тесни врати овде-онде стар топ зјапа, а зад него куп гранати под бетонска лежат капа.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Неговите фрагилни монтажи од зрнца сол и silver glass како да се валкаат по бетонската падина на Guggenheim, како да ја препознаваат оваа филозофски погубна положба. Richter, исто така, е жртва на погрешно толкување.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Воздухот во Лос Ангелос ја потсетуваше што им се случува на децата во привремени дом-семејства приквечерина кога ќе се соблечат, ја потсетуваше на нештата кои се прават со јажиња и парчиња метал во доградени бетонски гаражи додека автопатот ита во позадината како евтина музичка тема.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
НОЌ Внатре просторијата е преградена на половина со бетонска ограда.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
ХХ , со веќе подготвен одговор прифати: - Како што можевте да видите и уште ќе видите нашата земја, покрај бодликавиот тел, ја оградивме и со бетонски бункери.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Молк по сите лица. Децата спијат, во нивните главчиња соништа што немаат никаква врска со мислите на возрасните, со нивната Македонија, со нивните стравови - што ќе биде утре или не дај боже уште оваа ноќ да падне врз нив оваа бетонска плоча па да ги избрише засекогаш.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Жештината во градот беше толку тешко залегната што понекогаш ми се чинеше дека џиновска бетонска плоча има над него наместо небо.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)