биволица (ж.)
Болеста може да е јаре, вели, може да е жена, или биволица.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Шепотеше молитва што само тој ја знае; поточно: ја измислил со зборовите на некој предок, Јаков Иконописец или Круме Арсов, или некој што живеел далеку од нив колку и тие од него: ...нас сите со млеко од иста измитарена биволица нѐ доеле, господи наш севишен, и од еден склопец нѐ демнела сиромаштијата лутица, семето да ѝ се сотре и од правот нејзин да жугне берокуќничка добрина, и исти пијавици ни се плетеле место учкур околу папокот, орли врз темето лузни ни пишувале и штркови балабани низ грчмак срцето ни го ваделе и го пресадувале на новороденчиња, пред иста земја челото на камен сме го допирале, сме биле, не било не, не ќе сме, вечнаја памјат ни ...
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Борис Калпак ја донесе долгата пушка од која загинаа Јане Крстин и Пецо Дановски, Каменчо Скитник извади од дисаги кубура со сребрена дршка: се родил, истиот ден останал без мајка, го израснале на густо млеко од биволица; повеќето се плашеа од него кога ќе ја заборавеа неговата благородност.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)