блиску прил.

блиску (прил.)

Од Стамбул телеграфираат во разни европски новини (Standard) оти англиската и француската средоземна флота добиле повела да се наоѓаат блиску до македонските води.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Причините на претензиите на Србите и на Бугарите се, се разбира, чисто политички, но освен нив има уште една: македонските наречја стојат едно до друго така блиску, едно во друго се слеваат толку незабележливо што, ако се признае едно од нив за српско или за бугарско, ќе треба да се признаат за такви едно по друго и сите соседни со него.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
21. Приврзаниците на таа теорија пак се подразделуваат: 1. на коишто кажуваат оти тоа средно е еднакво далеку и од Србите и од Бугарите; 2. оти тоа е поблиско до Србите; 3. оти е поблиско до Бугарите; 4. оти дел е поблиско до Бугарите, дел – до Србите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
АРСО: Тогаш, коџабаши, земи уште едни очила, или пријди поблиску да видиш поарно.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
САВЕТКА: Блиску се. Ајде да побрзаме! (брзо се повлекуваат во куќата). (Пред портата шум и неразбирливи зборови.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Старецот весело ги распрашуваше за сето време, им прикажуваше за работата на младинците, кои што работеа блиску до неговото село и ги закачаше дека ако не станат ударници веднаш ќе ги симне од колата, за да продолжат пеш по јулскиот пек.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Даскалот Бино ја наведна главата. И додека по малку се надеваше да го поканат да си го земе старото место — даскаллакот, една вечер го најдоа во Село Манастир неколцина четници — поправо воени дезертери што ги бркаа со Јована — и го фрлија жив од една стена блиску до селото, во еден длабок процеп, од каде што ни орлите не можеа да го изнесат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ги пасеа воловите некаде тука поблиску или, ако одеа подалеку, тогаш одеа по оние места каде што се врткаше дедо Геро војводата со своите комити.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
И уште повеќе кога виде дека нема никого блиску до него.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Бранко го наближи споменикот пред гимназијата. Овде обично, во првите вечерни часови, се состануваше со девојката; блиску беше паркот и можеше лесно и бргу да се сокрие од љубопитните погледи.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Андон направи чекор-два поблиску до тезгето. Во раката му блесна сребрена десетдинарка...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Толку многу ѕвезди го опсипаа тогаш небото и така беа блиску - со рака да ги дофатиш...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Очевидно е дека тој бил блиску и дека наслушувал.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Во актот се соопштуваше и ова: во една улица, блиску до центарот, млад мршав човек го чекал валијата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И сѐ повеќе и поодредено го сеќаваше блиску до себе.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Јас сакам само да те чувствувам поблиску, да ме чувствуваш цела. Ништо друго не ми е потребно.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Имаше глас, во кој стоеше и презирот кон страот, што е толку блиску до нив. Тој воопшто не кружеше.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Да им се пријде така блиску, секому поодделно, да се сфатат, а после да им се помогнува, да им се покажува што е тоа, а после да ги гледаш како растат и постојано да ги држиш за раката.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Можеше да има разлика само од неколку прста растојание од она место, каде што имаше погодено тој во телото на огромниот див ѕвер, до местото каде што било потребно да се погоди; можеше да се види дека тој бил сосема блиску до тоа место, уште со првиот истрел, иако не изнајде ништо особено за другите два истрела.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тоа еден на друг не си го доверија, но веруваа дека Французите, сега кога се толку блиску до своите домови, сепак ќе ги пуштат.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Повеќе