блокада (ж.)
Беше крајот на ноември, а во почетокот на декември, окупаторот го фати во блокада нивниот одред.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Човекот станува тотално неспособен, свеста е окупирана со проблемоти тој доживува блокада.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
На 30 мај 1992 ОН воведоа економска блокада кон СР Југославија.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Сепак, и покрај ова, како и покрај издадената директорска наредба за моментален и безусловен престанок на бојкотот, и покрај вршените притисоци по сите можни линии – работниците издржаа и го продолжија прекинот на работа со целосна блокада на железничкиот (патнички и товарен) сообраќај на територија на целата држава – бидејќи тие, буквално, се наоѓаа во безизлезна состојба.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Вреди да се одбележи дека со оваа пресуда, и покрај ригорозните и репресивни законски мерки насочени против организирањето штрајк, се востанови еден одличен судски преседан дека „блокадите се суштина на синдикалното делување“ (зат. цит. – стр. 3).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Само ќе создаде блокада на умот да не мисли на бедата на сопствениот живот, кој е таков токму од оние кои го бомбардираат со наметнатите медиумски срања.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
За реализирање на таа цел, британските експерти одбрале тројна стратегија: поморска блокада, постојани воздушни бомбардирања и „субверзии“ на нацистичката управа во окупираните држави.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)