блуди несв.

блуди (несв.)

Тоа не го стори Арсо, туку молчеливо ја крие пред него својата сомничавост и умилно восхитување му лебди на лицето, а токму тоа го насрчува Етхем-паша и во неговите зборови блуди некоја горделивост што го дразни Арса и речиси, тој е дојден до крајот на своето здружување.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Еднаш мореше да се најде, тоа се знаеше уште веднаш, штом го сети она бавно будење, а сега беше тука.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Топлината што се шири од него шумно се меша со мирисот на дуњите и јаболката и со мирисот на исушените полски цвеќиња,треви и чаеви, и уште еднаш ја потврдува неговата преѓашна помисла дека сите тие заедно прилегаат на неземски суштества, на духови кои не седат овде, во Јанческата гостинска одаја, туку блудат некаде другаде, на некое друго место под небесата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ми се смачи од продолжување, будење, спиење, повторување, гадење.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Меѓутоа во кујната, како и обично, беше мајка му седната во својот стол, меѓу масата и шпоретот, со рацете во скутот како мртви риби и истечен поглед кој не можеше да продре и низ најшупливиот ѕид а сепак блудеше вперен во некоја непостоечка иднина.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Множење со нула Не ме фаќа место, не сум овде во оваа одломка престорена во космос блудам и во отсутност преминувам « тегоба во тегоба » сѐ додека зборот не исчезне и тој ли осуетен, сетен анаграм сѐ додека повторно не се овоплоти - помалку алегорично, повеќе пародично - и не нѐ потсети дека меѓу двата света освен двата постои некој трет за некој друг не за нас за минус еден за минус два за минус сѐ додека не остане и не стане сѐ прааззззннноооо ОО 00 оо
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Сртовите да не нѐ изневерат оти предолго пешачиме по нив не за да им ја ублажиме стрмнината но очите за да си ги тревожиме со штотуку окутрени глетки оние кои не го испуштаат првиот плач на човек кој ќе блуди оттогаш па натаму!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Очите, сини, неспокојно му блудеа по предметите и само понекогаш ќе се запреа на некоја тајна точка.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Под ниските и густи прашуми кајшто од сонцето пристига припекот од ветерот затишјето а светлоста блуди панично како неуслишен порив.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)