болен (м.)
Чорбаџии осиромашуваа, сиромаси забогатуваа, болни оздравуваа, здрави се разболуваа. . . така, господ си правеше скали од луѓе.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Крајот на цигарата се лепеше за сувите усни, ја влечеше испуканата кожа со себе. Тутунот е најарен дијагностичар, се сети. Не за лудите, за болните од треска додаде.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Што ти е? Нешто си ми бледа? Да не си болна?
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Танас погледна надолу, а чичко Лозан продолжи: - Треба да се најде и едно магаре за носење на „болниот“.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
„Има луѓе што умираат праведни, има луѓе што умираат грешни”, им велеше попот: ”на праведните смртта им се јавува весела, а на грешните намуртена, страшна, лоша; луѓето се страшат од неа и затоа пред умирачката си го покриваат лицето со покривка за да не ја гледаат; смртта е како некој мајстор; турли-турли алати има: тесла, пила, секира, глето, клешти, сврдел, копан, затегач, турпија, скоби и многу други алати; најпрвин ќе зафати болниот од прстите да го разглобува со сите тие чешити алати: оди од зглоб до зглоб, и откако ќе го разглоби, почнува жилите да му ги сече, и најпосле ќе почне со секира да го мава по тилот додека не му ја земе душата; кога ќе му ја земе душата - ја носи право кај бога на поклонение, а потоа, еден ангел ќе ја шета душата открај-накрај на небото и открај-накрај на земјата за да ги види сите убавини; ќе ја носи по сите места каде што шетал човекот додека бил жив и ќе му покажува ангелот сѐ што чинел: добро или лошо; на четириесеттите дни ќе го врати човекот кај гробот и ќе му ја покаже мршата негова кај што лежела внатре; по четириесеттите дни, пак ангелот душата ја носи кај бога, и тогаш господ ќе му заповеда на ангелот да ја носи душата во рајот или пеколот; ете, затоа треба на умрените до четириесетте дни да им се пее на гробот и да им се носи задушница; со тие добрини може господ да се смилостиви и да им ги прости гревовите: зашто до четириесетте дни душата не му е пресудена на човека”.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Јосе Натемагото започна да лечи и болни.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Но, сепак, на неговата најневралгична артерија- по улицата која води кон врвот „Мон Валеријан“, каде што болницата „Фош“, можеби безброј пати, и дење и ноќе, се разнесува пискотливиот и морничав звук на болничките коли, кои јурат со вратоломна брзина носејќи болни за чиј живот секоја секунда е пресудна а кој можеби, ќе им го спаси професорот Гио или некој друг хирург.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Бањите лекуваат и криви и сакати, ревматичари и болни од други видови заболувања.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Болниот мора за лекување и рекреација да излегува надвор.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
- Што молчите вака, Дуковице, ѝ велам, кој ви е, мори, болен во куќава?
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Болните само подзинуваат и бараат воздух со устите, подлипнуваат.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Од куќите излегуваат здрави и болни, се извираат од под чардаците, се пореваат меѓу јалиците, како да излегуваат од земја, од никаде.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Добро е да се создава, да се мечтае, велеше мудрецот, но мечтаењето е меч со две острици: многу болни на мечтаењето му го должат своето оздравување, но и многу здрави - своето разболување...
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Оние излезените во полето по работа, се сретнуваа на кладенците, на поилата за добитокот, каде што намерно одеа да киснат `рженица за јажици, на бунарите во бавчите, во колибите по бостаните и итро избегнувајќи да се определат за едната или за другата страна си докажуваа едни на други дека кога-тогаш меѓу скараните ќе дојде до отворено крвопролевање, а оние, што беа останати во селото, редовниците, старите и болните, за неа дознаа од децата.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Лицето, глуво и слепо, му останало отсутно за извикот на болниот, за неговата премаленост.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Онисифор Проказник им викаше да молкнат. Од ридот паѓаше споулавена смеа додека болниот квичеше со глас на премрзнат пес и го повторуваше името на Дмитар-Пејко.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ги поведе во јужниот дел и им ја покажа ниската капела во која е гробот на свети Наум со неговите мошти, како и самицата во која се лечат болни. Полковниците гледаа со интерес.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Со нас беше и Салко Вадидуша, поцрн и од Арап, со арапски усни и зет на болниот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Најмногу душата му се собираше кога делкаше воденички камења; со денови вртеше околу карпата од која требаше да се издвои поголем камен од кој требаше да се изделка воденички камен: ја набљудуваше карпата, секоја нејзина жилка ја проучуваше: од каде трга и каде оди, каде се разгранува, слично на ботаничарот што ги проучува жилките на растенијата, како дрварот што го проучува дрвото од која страна да почне да го цепи; го проучуваше до каде оди цврстиот дел на каменот, а од каде почнува болниот; го обележуваше со креда, со керамитка, со врвот од глетото.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Во последно време, канабисот е признат како ретко успешен лек за глауком во Америка, како контроверзен лек за опуштање на мускули при лекување на склероза мултиплекс и лек за апетит при третирањето на болните од СИДА.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)