боцлив (прид.)
Лазиме пак под боцливите телови, по истиот пат. Јас ги поткревам, тој се испровира, па тој ги поткрева, а јас се испровирам. Си помагаме.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Тие врват вака, го фрлаат оружјето, крај нас, а Французите оптегнуваат боцливи телови и прават логор.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Удирам на шипје, се драскам на капини, на трње, на боцливи телови.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)