бранител (м.)
Со самото тоа не беше свршено ни со феудалната идеологија, што во Германија сѐ уште имаше доста свои поборници и бранители.
„Значењето на Хегеловата филозофија“
од Кочо Рацин
(1939)
Училиштето сега има ново име, некоја дата поврзана со храбрите хрватски бранители.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Салиери станува бранител на човекот против божјата неправда.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Интелигенцијата има, според еднодушната согласност, општествена задача да ја критикува основаноста на институциите не нанесувајќи им штета, да ја преземе на себе улогата (за да спречи некој тоа да го земе за сериозно) на бранител на јавноста од малверзации; таа е барон шарлатан.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Секој жител на земјата е градител и бранител на бункерот.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
„Ова е важно“, додаде претседателот, „бидејќи од твојот бранител немаме добиено барање за одлагање на оваа расправа на Дисциплинската комисија, како што се произнесе обвинетиот работник Маленко!“
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Сакаш Грк лекар, правник, адвокат, професор, историчар, востаник, бранител, дипломат, барај го меѓу Власите. Немој да го бараш меѓу Грците.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
И така живна загноената заемна омраза меѓу едната и другата опција на тие кои се самонарекоа бранители и душегрижници на Егејците, како што сами се нарекоа и ги нарекоа и тие во чие заблудување беа замешани нивните прсти и никој не прифати и не почувствува грижа на совеста, а рамнотежата меѓу двете скарани страни – грижливо ја чуваше Лазо, кој лично водеше сметка неслогата да не се претвори во кошмар.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Василиј го разурнал опкопот, напуштен од неговите бранители и продолжил да ги прогонува бегалците; имало многу убиени, а уште повеќе заробени.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)