бригаден (прид.)
А Мече како да не станало ништо, трчаше веќе со празна тенекија кон бригадниот логор. ***
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Поминувајќи покрај него, Мече го погледна ѓаволесто и замавна како да ќе го удри со лакт во слабини, а кога тој уплашено се изви на страна, Мече се исмеа слатко и потрча по Белича, кој што беше изминал подалеку по патот за бригадниот логор.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
По планот на Беличот – отсега така ќе го викаме светлокосиот – со возот требаше да се префрлат до последната станица, а од таму со камион или некоја кола да продолжат до бригадните логори.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Веднаш потоа бригадниот командант Бодри замина со коњот во потрага по нив, ги врати и им се закани.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Своите импресии од Февруарскиот поход ги изнел во бригадниот весник „Народен војник“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Шоферот им се смешкаше како да е член на нивната екипа, а не придаден извршител во бригадниот штаб.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
- Мајоре, што правиш? - праша бригадниот генерал.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Макар окупатори, француските офицери, од резервниот состав во цивил носители на различни професии, во најголем дел интелектуалци, беа добро примени и почитувани од населението, додека командантот на зоната, подоцна бригадниот генерал Едуар Огист Иполит Мортје, го имаше Татко за свој преведувач.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)