брилијантен (прид.)
Прекрасно, горе и горе, светло, блесок, бомба од брилијантни бои, црвена, жолта, сина, зелена, бела, златна.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Конечно настапува трезвената состојба на „верификација“, кога „брилијантниот увид“ мора да биде соочен со неприкладната реалност.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Но поради тоа што остават уметникот самиот да ги објаснува своите дела и со термини од неговиот личен метафизички систем - еден брилијантен микс од автобиографски цитати, позајмици од езотеричната доктрина на Рудолф Штајнер „Антропозофија” и делови од митови, алхемија и природни науки - не беше создаден убедлив естетски аргумент за уметноста на Бојс.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Така и се случи, подоцна тој заврши со брилијантен успех.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Со една скршена биографија, со срам на жешовскиот рабин, со валканица врз ликот на брилијантниот студент на Виенската семинарија?
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
XXVI
Долго време Елен Лејбовиц на еден брилијантен, можеби единствен можен начин, за кој долго време се прашував и никогаш не најдов одговор со што го бев заслужил, го бранеше постоењето на мојата балканска сага, живееше со проблемите на моите јунаци, со смислата на нивното книжевно и можеби реално продолжување, ја бранеше нивната книжевна одисеја во Европа, потоа ги бранеше земјата (поточно земјите на авторот, како што таа нагласуваше) и авторот на сагата во времето на конфликтот во Македонија во пролетта на 2001 година.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Остана запаметен по своето брилијантно дело Брана преведено на светските јазици, беше основач на првиот туниски Универзитет по независноста, се сметаше за еден од најголемите туниски мислители на XX век.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Туку ти сакаш да те видам онаква како на сликана, Туку јас сакам да слушнам како ми велиш – те сакам...” Навистина брилијантно!
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)
Ако го сметаа Бургиба за татко на нацијата тогаш Месади можеше да се смета за негов духовен брат. Беше и брилијантен арапски писател.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Дека успивањето не е само причина за фалење и за неконвенционално однесување во социјалната средина, зборува примерот со брилијантниот студент по медицина од Британија кој се успал на испитот по Физиологија.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Формирана и помогната од страна на големиот педагог и менаџер Николај Назаров, таа има брилијантна пејачка кариера на најпознатите сцени во светот.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Нејсе, по уводот за материјалната состојба, недвижнини и друго, политичката припадност како бајаги важна за основање на една врска, сексуалните способности - самооценети како брилијантни, ликов поминува во експлицитно прикажување на она што има по џебови, придружено со сликовито објаснување како доаѓа до купчиња евра, денари, франци, распоредени во различни џебови од мантилот и костумот.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Докторирал во Париз, па се очекуваше веднаш по војната да оствари брилијантна кариера, во својата земја, во новата јужна Народна Република Македонија, дел од југословенската федерација.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)