бубрег м.

бубрег (м.)

После пак ми пророкуваше: едната нога ќе ми ја разнесе динамит, ушите ќе ги изгубам в битка со овчарски пес, љубоморен човек ќе ми го ископа бубрегот со нокти...
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Медот е лек за сите болести; нема болест што не ја лечи: тифус, офтика, дизентерија, гушоболје, малокрвност, болки на срцето, на џигерот, на жолчката, на бубрезите, нервни заболувања, настинка, ревматични заболувања; го регулира притисокот на крвта, помага при несвестица, слаб вид, астма, ја штити кожата од лишај, красти, првут, струпци, спречува труење, зарази, уништува бактерии.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Му врвел куршумот и му забиоѓал и срце и џигери и сплинка и бубрези. Сите дробови му ги забидел и му излегол под плешката.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Топлата сулфурна вода лечи разни болести: реума, ишијас, чир во стомакот, мајасул, начеток, егземи, астма, црвеница, жолчка, бубрези, катар и многу други болести.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Му помагаше жена му на Мил, а Кала се врткаше крај огнот во дворот, и кога Дукле ќе извадеше нешто од утробата на прасето (џигер, срце, бубрег, сплина) Кала го грабеше и го фрлаше на огнот да го печи; од нестрпливост и лакомост ги џвакаше уште недопечени.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Дервишите излезени од циркускиот плакат танцуваат во истиот пустински предел, во кој раздразнетата толпа се граба за крвавата слезинка, џигер, бубрези, изгнасени од прав и мравки.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Долгата употреба на овие средства може да резултира со оштетување на црниот дроб, бубрезите, оштетувања на мозокот и оловно труење.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Наполнет Пиштол! 104 Омнибус фантастикус: Илјадалетно Изметолетие -Само за личности над 21 година- Сегашност Имав потешкотии со варењето на храната, бубрезите, хемороидите... и сите болести кои постоеја на светов.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ти не би требало да живееш по хотели! ]е те запознаеме со богатуните и ќе живееш како бубрег во лој.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Тоа е одвратна мешаница... Вистинска паника на бубрезите...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Сега Хера не одеше повеќе на лекар да ја лечи главоболката, како што тоа порано го правеше, пиејќи разни лекови кои во почетокот ѝ ја смируваа болката, а подоцна не. Ѝ правеа разни проверки на крвта, урината, шеќерот, ѝ ги испитуваа бубрезите, срцето, притисокот; ѝ советуваа да не се преморува во работата, повеќе да се одмара, да избегнува потиштеност и затворање во себе.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Едниот бубрег ми го извадија.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Се разболе од бубрезите. Вториот син ја однесе во Тирана. Таму ја оперираа.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Русинов мисли јас сум болен, а тој треба да си ги лечи бубрезите.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
БОРИС: (Снимка.) „Хумор. Да. Јас сум хумор. А ти што си? Се мавташ по манастири, скрнавиш наши ора. Русинов мисли јас сум болен, а тој треба да си ги лечи бубрезите. Вечер со првиот воз да ве нема...“
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Ја немаше заедно да го започнеме утрото, во долгиот пат на кој дотрајаната и амортизирана 23-ка ни помагаше да ги измокриме (или исплукаме) евентуалните каменчиња од бубрезите.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Бубрегот најчесто се поврзува со синтагмата „како бубрег во лој”, значи дека твојата личност се наоѓа во благосостојба, во една завидна ситуација...
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Ха! Па сега кога ќе се земе во обзир тоа, болката во бубрезите е логична и неизбежна, бидејќи тие не можат добро да ја преработуваат крвта!
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
- Копилето Маркс цел живот пропагирал еднаквост, а живеел ко бубрег у лој. - Позер масонски и илуминатски мршојадец.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Дури и милијардерот Кисинџер ќе ви продава муда за бубрези и пат до успех на кој само лековерни шутраци би можеле да поверуваат.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Повеќе