будалест (прид.)
ПОЦКО: (По него, крстејќи се со широки гротескни движење.) Господе боже, кога овој будалест син не ме остави сам да си поможам, поможи ми ти, господе, дај ми кум каков си сакам, па ќе ти запалам в црква свеќа како греда!
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Наивноста понекогаш те прави смешен и будалест.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Како можев на татко ми било што да му речам за неа, кога ќе го видев неговото деформирано, будалесто лице, беспомошноста и очајот во неговите очи.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Будалесто лето: со малечката се нуркаа,собираа школки по песокот, се смееја пред фигуринките на голите танцувачки, шепотеа за делфините скриени во тајната одаја на миноската кралица, се јазеа по подјадената тврдина на Млетците или, со автомобилот, го сечеа островот.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Тој млад идиот, тој будалест садист, ниту не насетуваше дека еден ден ќе го жнее тоа што го посеал.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Во такви услови, правењето на културно списание кое држи до некаква си компатибилност со светските културни случувања, и кое не е само одвратна локална збирштина на паланечки трубадури што така, будалесто безглаво, ќе заталкаат и во 21 век од своите деветнаесетовековни собички на еден елегичен националромантизам - е прилично деликатна работа која бара барем толку идеализам и романтизам колку што имало во вистинскиот 19 век, кога публиката (на Маларме, на пример) се броела на прстите од рацете. 4 Margina #10 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Сѐ беше признато во тој единствен, будалест извик.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Рака на срце, мене тогаш многу повеќе ме интересираа серијалите од типот на „Планетата на мајмуните“ и „Емануела“, така што воајерската страст на моите сограѓани да ѕирнат во приватниот живот на некои американски парајлии ми беше комплетно нејасна и будалеста.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Во почетокот ги одбиваше секојдневните канонски задолженија и нивната будалеста рутина на утрински, пладневни и вечерни активности, кои требаше да ѝ го исполнат поголемиот дел од денот.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Коваќевиќ самиот го класифицира својот изум како плод на литературна порнографија и будалести стихови.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Ставен под опсада на бездушни крадци пијавици гладни и човекојадци мојата душа е ставена на мета во светот будалест неуморно прета Мојата душа претрпе стрес неправди безброј, понижувања, бес гази ја , ништи ја за сѐ што е крива еве ја тука повторно е жива Во душата моја се сееше чемер бескрајни лаги од секој лицемер мојата душа се навикна да трпи гази ја, ништи ја повторно се крпи Душата моја е жива и спортска трча на долга стаза маратонска неуморно скока на животна пречка гази ја, ништи ја ќе остане вечна
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)