буза (ж.)
И така, една ноќ спроти Вртолум, кога ја испија со Лоте, и со ветеринарот Скрез и последната чаша за длабок сон, и кога излегоа надвор да си одат, Бандо чу како некој со копач му удира на ѕидот од куќата; на Бандо му мина гром низ телото, му удри крвта в глава и повторно му се врати оној некогашен страв во него; срипа како ѕверка; ја грабна пушката и излета во мракот надвор; свика кон сенките што се тетеравеа крај куќата и пукна; некој офна и падна; стрчна жена му од Бандо, стрчнаа соседите и ги поткасаа бузите: го видоа Лото струполен крај ѕидот; го кренаа и побрзаа да му ја запрат крвта.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Мајка му, често, кога ќе немаше млеко, го носеше по млади доилки во селото да цица, а некогаш го ставаше и под коза да цица за да му јакнат бузите и непцата.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Одеше со раскрвавена глава, со потечено око, нос, буза, со модрици на лицето, со лузни, со исчашени прсти од мавање со тупаници по децата на кои им ги искривуваше вилиците и им ги ронеше забите.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Тој беше огромен човек, со грива од мрсна сива коса, со обесено и збрчакно лице и со дебели црнечки бузи.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Го чул говорот на Сотира и, место да оди во другиот дуќан, застанал однадвор на пенџера, со мустачињата напред и со забите стегнати под поткренатите бузи.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
И сето тоа со такви поединости дека, на пример, Ризван-бег од Ресна имал мала лузна под левата слепоочница, што мене ме здрви, потоа дека Беадин-паша од Солун имал дебела долна буза, дека на вториот ден од Негушкото востание не заврнало, како што се тврди, туку само заросило, што не е исто, и така натаму.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Ги поткреваше бузите, тенки и остри, едната нагоре, другата надолу, и ги покажуваше забите како куче готово да касне.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Сакаше да ја гледа додека таа лежеше со благо затворени очи, со бузите одвај одлепени една од друга откривајќи ѝ ги сочните бели заби, во постојан грч како пред голтнување горчливо апче.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Тодора си ја оближа големата буза, небаре се бацувала со јунакот што го спомна.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Ама, уште невлезени во клисурата на Треска, Миклош туку се прелапа за бузите.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Ја отвораше како да оддиплуваше кора за мазник и почнуваше со тој свој зарипнат глас, а јас трепетливо и некако исплашено, гледајќи во неговите насолзавени очи и во бузите и од тутунот подгорените мустаќи, повторував: - Аз, буки, веди, глаголи...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Со прстот на бузите седнувавме крај софра, со прстот на бузите си станувавме од софра.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
И не можевме да разбереме дека има црни луѓе со дебели бузи и широки носеви, а и луѓе со коси очи.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)