важност (ж.)
Но по две години, согледувајќи ја историската важност на Охрид за Македонија, тој во поголема мерка ќе се потпре и врз карактеристиките на охридскиот говор.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Ако, значи, го разгледаме тоа прашање, ние не се враќаме назад, а одиме напред, сознавајќи ја неговата важност.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
60. Вистина, со националното прашање ние ќе се занимаваме 20-30 години, но кривината за тоа лежи во нашите претходници што не ја сознаа сета негова важност и не го кладоа да зрее.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Договорот е склучен за 20 години, со клаузула дека во случај на војна ја губи важноста.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
Кога слушнав таму дивјачки говори, кои беа, сите, еден извик: леб, леб!, јас, одејќи си дома и размислувајќи за виденото, се уверив, повеќе одошто кога и да било во важноста на империјализмот…
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
Но за децата од градот, иако полегнаа и почнаа да ја чешлаат тревата и да ги кинат крупните румени јаготки, овие шумски плодови веќе ја изгубија својата важност и привлечност.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Важноста на првиот загриз: зачеток на богатата взаемна гозба.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Јас сум свесна за важноста на организацијата.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Пред сѐ, треба да се знае дека за артифексот значењето на vas симболот во алхемијата било со исклучителна важност. Vas hermeticum бил значаен колку и prima materia.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Кореспондентното недоразбирање на нејзината суштина е додадено врз деградацијата што ја трпи: ниту е сфатена нејзината важност ниту проблемите и нејзината комплексност.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Конечно, со тоа би се потврдила максималната важност на индивидуалната слобода, што претставува значајна тема која обично се превидува во расправите за наркоманијата. 77 за Наспроти тоа оваа стратегија би можела да има значајни негативни последици.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Во 1625-та година кралот Џемс I, долго време главен опонент на тутунот, откако ја увиде неговата потенцијална економска важност, ја прифати неговата широка употреба воведувајќи мерки во регуларната трговија со тутун, во корист на британските американски колонии.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Отсуството на елипсата, исто така, укажува дека ниеден настан нема предност над друг, ниеден не е поексклузивен од другиот, и дека сето време има еднаква важност.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Но, ние сме свесни за важноста на нашите индивидуални мозочни ресурси.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
На овој степен, од клучна важност за шизофреничарот е да ги почувствува сиот шарм и сите убавини што почиваат во меѓупросторот меѓу внатрешното и надворешното, и на сето она што е опфатено со доживувањето и откривањето на она што навистина му припаѓа на сопственото јас.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Способноста да се мисли во конкретни визуелни поими е од речиси суштинска важност за писателот.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Ако направиш некоја грешка, опрости си себеси, но гледај тоа простување да не биде често, зашто не ќе има важност...
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Кога Бојс беше во Италија, на пример, тој ја сфати важноста на ситниот бизнис.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Шандор на главата има паларија со извиткан обод на кој не му се знае предна и задна страна; под раштрканите мустаќи му се гледа малечкото луле провиснато на крајот од устата; мевот му е испакнат и напиња на елекот што го стега; на елекот му се гледа синџирче од часовник што му завршува во џепчето каде што му е ставен палецот од едната рака; погледот му е сериозен, па дури и малку свечен од важноста што ја придава на сликањето, на чинот со кој ќе се овековечи градењето на куќата, на која е завршен првиот кат, а започнува вториот со оставени отвори за врати и прозорци.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Разликите меѓу нас сепак се споредни: она што Фуко го нарекува диспозитив, а што Феликс и јас го нарекуваме подесеност, нема исти координати со оглед на тоа дека Фуко ги поврзува изворно историските низи, додека ние поголема важност им придаваме на географските состојки, на територијалитетите и движењето за детериторијализација.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)