Ватикан (м.)
Со деконструирање на такви научни настани како судењето на Галилеј пред Ватикан и развојот на квантната механика, тој инсинуираше дека не постои никаква логика во науката; научниците ги откриваа и се придржуваа до теориите поради крајно субјективни дури и ирационални разлози.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Заверата е глобална и делува дифузно на сите фронтови, од Обединетите нации и НАТО Пактот, преку УНИЦЕФ и УНПРОФОР, до Ватикан и Масоните.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Овој фестивал, кој открива нови таленти, со изборот на Џармановиот филм го инаугурира првото дело на латински јазик во историјата на играниот филм коешто, при тоа, не е финансирано од страна на Ватикан.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Ништо не ни можат. Ниту Ватикан. Ниту свети Ватикан. Партијата е посилна од сите.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Пропагандата бараше јасно обединување на сите албански рисјани под заштита на Ватикан и италијанската држава, со цел да го забрза развојот на земјата.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Религиската репресија во земјите на социјалистичкиот лагер започнала штом власта го означи Ватикан како непријател чие влијание требало да се смали, додека националните цркви како институции требало да бидат подредени на целите на режимите.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
И швајцарската гарда во Ватикан ѝ претходела на римската преторијанска гарда.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)