вдлаби (св.)
Долгнавест муаџир со бербатна чалма несмасно навиткана, длабоко изгравиран со дебели нечисти брчки и со очи толку вдлабени во главата, та личеа на дупки во коишто одвреме-навреме проблеснуваа само белките, со лице исушено, глуждесто и аглесто, пушташе необични лаги, та оние што се тискаа околу него самодоверливо потврдуваа со главите или со поглед, верувајќи или сакајќи да веруваат во тоа што беше само убава измислица и мечта.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
- Направи пауза отец Иларион и продолжи: - Душата е корен во човекот; како што од коренот на дрвото се храни стеблото, гранките, лисјата, плодовите - така од неа се храни телото, видот, слухот, говорот, волјата, свеста и сè што човекот има; таа е извор од каде сѐ почнува и сѐ враќа; огледало севидливо; владател и роб; таа е целина како сонцето; сеопшта суштина; сила што обновува како соковите што го обновуваат сувото стебло давајќи му нови израстоци; таа е бунар во кој водата е матна или бистра, мирна или замрешкана; светлост затворена во пештера од крв и месо; зрачи, или потемнува; пламен и пепел; камен гранитен или прашинка; оган кој дур е под контрола е благодет, а потоа пустошник; какво тело носи, таков лик има; со менување на телото, и ликот си го менува; по неа се чита и открива човекот; често е читлива, а често загадочна; некогаш ти допушта да ѝ се вдлабиш и да ја видиш, а некогаш за миг ќе те заслепи како поглед во сонце; некогаш е живо железо што тече, поток без форма; кораб на отворено море; пространство огромно, но и теснец затворен во тајните свои; нѐ држи цврсто како градба, верно нѐ придружува, но не знаеш во кој миг ќе нѐ изневери...
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Во авлијата два вековни чинари фрлаа дебели сенки врз сметената калдрма, а црквата беше в чело, вдлабена во гранитната карпа.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Токму над ископачените букви кои самиот ги вдлаби со сопствената рака.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Вдлабен во една книга тој ја оставаше да ја чита подоцна, но набргу ја забораваше, и така во недоглед.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
XXXVI Додека Татко го слушаше Камилски како се вдлабува во споредбата помеѓу језуитите и јаничарите, неговиот пријател размислуваше за продолжувањето на јаничарската идеја и по уништувањето на оваа воена формација од реформаторскиот султан Махмуд II во 1826 година.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)