векува (несв.)
Сакам со неа век да векувам како со жена, не како со платен добиток. Ме разбираш ли? Јас сакам и таа да се праша!
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Дојдете вие плеќести црни мажи деца и неба и времиња -по коритото на оваа река да потече и вашата судбина на местото на овој мост извишен над вашето небидие да си прочитате: векувајте со мене!
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)
IV Во ова царство на мажи и без царови Да му се поклонуваат сите на ножот В раце што го стегаат овие црни беласици И кории; Со него сите очи да им се извадат; Во онаа провалија долу И телата со него да им ги избодат - На опинчарите на рибарите на брсјаците Да остане ова царство пусто И само камен Црн гол камен да се народи Името под себе да ни го чува Внуците да ни ги откопаат Со нив и ние да векуваме.
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)
Ќе те понесам длабоко, век да векуваш.
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)
Ете, сега неговото срце најде жена со која ќе векува.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Така се движи светот и во него векува човек, така било од секогаш и така ќе е довек.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
- Не ни е определено да векуваме во Лесново, рекол Онисифор Проказник. - Кажа, запомнив.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Стигнале и Османлиите. Се утврдиле во нашиов град, тука да векуваат, а продолжиле кон Европа, ги запреле пред вратите на Виена.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Сакаше, макар задоцнето, кога Татко речиси ја беше напуштил идејата да ја заврши книгата, да навлезе во нејзините тајни, верувајќи дека подобро ќе ги разбере причините поради кои векуваа границите околу нејзиниот народ.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Кусовечен ѝ бил синот, немала среќа со него век да векува.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Но братот Сами остана на брегот да го продолжи векувањето, да го одржи дедовиот завет, плаќајќи го тоа подоцна со својот живот за време на Енверовиот сталинистички режим во Албанија, кој само поради знаењето на англискиот јазик ќе го прогласи за шпион на Интелиџенс сервис и ќе го ликвидира.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
А хромот во околните планини продолжува да векува.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
- ГРУТКА СНЕГОВА МИ ЛЕГНА ВО ДУШАВА И НЕ СЕ ТОПИ... АМА ТОЈ ЌЕ ЈА СТОПИ - И ВЕК ЌЕ ВЕКУВАМЕ... ***
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Камбаните да бијат и кандилата да светат додека светот светува, додека векот векува...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
НАСОН И БУДНА ги гледам тие очи... Знам - ќе се вратиш, мил мој, да се љубиме - и веќ да векуваме... ***
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)