вергија (ж.)
Луман сега заведе вергија: месечно, рече, секоја куќа од вашето село ќе ми дава по лира, наесен на секои сто брави, овци и кози сакам по пет за мене и десет ока сирење, а за пролет секоја куќа нека ми чува по руно волна, тие што имаат по дваесет овци повеќе – по пет.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Ќе береш по село вергија, ќе ми ја даваш и толку.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Јадење, пиење, па и по некоја пара вергија од чорбаџиите за алишта, опинци, саати, ќостези.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)