вест (ж.)

По плачот општ се сети дека веста беше болна и танок таа пушти крик, да, како лавица, што дрско ловците ја гонат и плодот ѝ го крадат прв ...
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
А земјоделците ко втрегитени од ровја беа на таа толку жална вест.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Уште од рано Деницата излезе јасна, како солза, и со своите искри разнесе на сите четири страни вест дека овој Велигден ќе биде насмеан.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Потоа... кој стаса во одредот со онаа страшна вест и не ли беше тоа сон?
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Со молневита брзина се разнесе по сите мариовски села веста за вчерашниот напад и со иста брзина се дадоа наредби за одбрана, та како Чебренскиот така и мостот на Светецот на време беа поседнати од по стотина селани, одделно од постојаната одбрана, сите беа готови да се борат на живот и смрт со напаѓачите.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Не ќе те доцеди ништо: - под твоето дно - уште едно дно; - врз твојата синина остана птица да кружи - змија се веде на твојот брег и даб, кора од ветришта црна, вести: над сите невекови век, полкови матии непогуби!
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Со молневита брзина се пренесе веста дека каурите од Мариово го нападнале кадилакот, и од сите страни се стече кон него сѐ што беше Турчин во градот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Сонцето беше извишено далеку над планините кога Бахтијар-паша ја доби веста за извршениот трет напад од башибозуците и за нивните големи загуби.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Брзаше да стаса дома и да им ја соопшти на мајка си и на сестра си радосната вест.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Тоа беше вест што убиваше, вистинско сознание во пијанство пред кое и рамнодушноста запенува и се пропнува како исплашен коњ. „Тој те пцуеше“, чу и се тргна, ги спушти од дланка двете копчиња во празната чаша.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Пред тој да дојде - ме уби веста за мојата смрт?“ Не знаеја дека е буден и се збунија, покајнички и смерно, како пред семожен исповедник, намалувајќи се, обајцата до тој миг занесени само со една слатка и којзнае од кога недоживеана љубовна игра.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ме уби веста за мојата смрт, Јано, завиткај се в бело и дојди да се смееш над мојот весел труп, и пишуваше в полусон, колнејќи се кога ќе се разбудеше дека утре навистина ќе и прати писмо.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Откако ја прими веста, стариот Карче не побрза да разгласи по Ресен дека в недела ќе го свршува синот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Го донесе една страчка, која беше, долгогодишен поштар во овој крај и разнесуваше пошта и вести.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
- Имам да ти соопштам убава вест, - му рече тој.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Седум жени во еден месец поминуваат во харемот на Џемал-ага. А од нив нема вест.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Не очекувам овде убави вести. - А лоши? - Ни лоши.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И кога оваа вест се пронесе по улицата со шепотење, славата на Фигаро почна да потемнува.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Наскоро, во 1894 година, се разнесе веста дека јункерите, кои завршуваат таа година училиште, ќе бидат подоцна произведени во офицери, за да се заштедат пари во буџетот.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Во тој ноемвриски ден, попладне, илјада деветстотини и прва година, низ Битола се рашири веста: „Баш комитот дошол во Битола и тоа дење.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Повеќе