ветровит (прид.)
Каде пред оваа маса пред овој памучен хоризонт без линии пред ова темно месо на земјата и ноќта измешано длабоко место и густо наеднаш поплава на очите и на просторите смрт Каде о каде ти јас ти море шумно и бескрајно ти монотоно поле хоризонтално уморено желно за исправено ветровито разведрување Каде о каде ти тесто густо на дождот и земјата човеку јас камену во рацете и во очите кал
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
После слушаше како и во таа ветрива ноќ почнуваат да се извишуваат до вишенебеси изострените писоци на волците по Белата Долина, и сега можеше да биде добро замислена сета изгубеност на гладните попусти завивања низ сета таа ветровитост.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Ја облеков Билјана потопло, зашто денот беше ветровит, ја фатив за раче и ја изведов од дома.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Велам: стар часовник бие во ветровита ноќ над огнот на заспаните љубовници...
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Џиновската вртелешка го искорна од собата и го отфрли сред ветровит карпест предел, во кој процесија на мажи во бели мантили, се качуваше по оголениот рид.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Си замислуваше дека од осаменикот горе во поткровјето, високо во ветровитата куќа, може да го чуе само дишењето, бавните вдишувања и издишувања, како од некои правливи мевови.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Тие три дена господинот Вилијам Финч секое утро и попладне стоеше молкум во мрачното и ветровито поткровје.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
По еден облак од секој тип - цирус, кумулус, кумулонимбус и другите - ќе има доволно за сите; исто така, по еден пример од секој вид време - убаво, дождливо, топло, студено, влажно, суво, мирно, ветровито (и нивните разни комбинации - убаво-топло-суво-мирно, убаво-топло-влажно-мирно, итн.) ќе послужи за сите поединечни денови (и ноќи) на тоа време, и покрај тоа што едно магливо благо мирно рано утро е задоволство кое секако може да се разликува од истите услови напладне или приквечер.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Без познавање на контекстот, тој знак може да се „чита” на најразлични начини - некој копал / некој ќе копа / некој токму копа / некој расчистил / некој сопрел / некој препречува одрон - или дури (како што откривме во натпреварот за најапсурдно толкување на знаков) дека некој се обидува да отвори чадор по ветровито време! Маргина 36 191
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Тие паметеа милиони бескорисни работи, некоја кавга со колега, потрага по загубена пумпа за велосипеди, изразот на лицето на некоја одамна умрена сестра, виорот од прав во некое ветровито утро од пред седумдесет години: но сите важни факти беа надвор од нивното сеќавање.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Меѓутоа, во мене стои еден ветровит ден на одминување, односно го гледам задниот дел од дворот на Економското училиште во кој сѐ уште е присутна силната светлина на денот, само што сонцето е од другата страна на зградата, сигурно педа две врз врвот на Водно, и од долната страна на кај бараката доаѓаат моите две сестри Лена и Јана.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Во една ветровита, дождлива есенска вечер, тагата за одминатото лето ме наведе да пробуричкам по полицата, каде што пред започнувањето на училиштето ја бев затурил мојата мила, дрвена шупелка.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
______
10
Есента топла, ветровита. Дождовите се задржаа недела две и секнаа.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Во тие неколку ветровити недели додека прашината од улиците како знаме шеташе над покривите, низ дворчето на Перса и одајчето на Пелагија помина Чана со Дончо колку да се открие дека меѓу нив двете, меѓу Пелагија и Чана, не е ништо испречено, туку животот им ги има изместено патиштата.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
А зад ковчегот тенка колона луѓе потемнети од планинското ветровито сонце.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Сосила го натоварија на брод и го испратија за Атина во февруари од претходната зима на истата таа 1943 година во која, ете, митрополитот го чекаат да се врати дома по овој сив и ветровит ноемвриски ден.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Освен во времето на војната, додека го служеше воениот рок, кога годишните времиња и сиот ред на нештата преминаа во безредие, животот имаше определена шема, исто како и времето, годишните времиња беа јасно одвоени како посебни паноа на ѕидни слики, свежите и нежни денови на есента им претходеа на влажните и ветровити денови на зимата; освежителните денови на пролетта ги пресретнуваа запурничавите и неподносливи денови на летото.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Како да испарила секоја капка животен елан и се тетерави на брановидните ветровити патишта.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)