виза (ж.)

Безживотни, болни раце, потресени од судбината на играчката со истргната нога. Раце, имате ли виза за животот?
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ние сме уапсени и рехабилитирани, велиме, од Југославија имаме виза, од вас уште немаме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Сега, ќе ни дадете визи да си одиме?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не ми даваат излезна виза, велам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во Амстердам извадив американска виза и отпатував во Америка порано одошто требаше.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ги гледа многубројните визи со арапска, кинеска, латинична и кирилска азбука. Гледа и се чуди.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
IV Пред конечното враќање мораше да се смета од првото патување од семејството што се готвеше да го оствари Мајка во 1973 година, кога конечно можеше да ја добие црвената албанска виза, најмногу поради нејзината старост.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Првин беа на јуриш „освоени” главните западноевропски амбаса­ди во Тирана од илјади млади Албанци кои бараа визи и излез од Албанија.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Поработуваа и одеа дома да однесат парче леб и да се преслечат, а потоа, со обновени визи за три или за шест месеци, пак доаѓаа.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Со ранец и со извалкани патики (единствено како и сега, и тогаш долго чекавме за виза пред конзулатот на јужниот сосед, што потоа се надоместуваше со едномесечни уживанции по грчките острови).
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Откако кон средината на февруари во Пловдив добил виза од Турскиот комесар, преку Одрин безбедно пристигнал во Солун.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Во мојот пасош, виза до виза (секоја макотрпно добиена по понижувачко чекање во редица пред амбасадите).
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Кога се ближеше 70–тата година од нејзиниот живот, една година по смртта на брата си, ја доби црвената виза за патување барем до неговиот гроб...
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Дојде, кутрата, на за­копот на нашиот најстар брат, само така можеше да ја добие црвената виза за да го мине балканскиот ѕид кој Мајка го мина со иста таква виза, пред многу години.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Полесно можеше да остане повеќе, доколку ги исполнеше условите да ѝ се продолжи визата, а тие не беа напишани никаде, туку зависеа од нејзиното „подобно” однесување, отколку да замине предвреме.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Му приоѓам, благи наклон, а он ме тапша по рамо и ми се обраќа на шуќмураст енглески (со акцент ко Раде Шербеџија): „Еве ти визи за Канада. Иди, види, па пиши како е“.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Обратно е слободна зона: без потреба од визи, секундарни инспекции или платени дозволи.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
„Јас одам не затоа што самиот го побарав тоа, туку затоа што некои мои пријатели – дипломати од Британија и Франција инсистирале кај овдешните служби да ми издадат излезни визи.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
На парчето хартија што е виза за мојата сопруга удри печат, а мојот пасош одново почна да го прелистува.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Имаш влијателни пријатели и овде и во светот, можат да ти издејствуваат да добиеш излезни визи за онолку луѓе за колку што ќе побараш. Побарај за целото семејство.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Повеќе