витоса (св.)
Траеше денови и ноќи, денови и ноќи, а некој постојано трчаше и ги прескокнуваше темелите, се препкаше и паѓаше во нив, барајќи го, како некој изгубен дел од облеката, она свое насмеано и широко место, својот чекор, постојано крвав и палците и по колениците, постојано крвав на лактовите, истоштен, со последните сили, како човек, кој еве, за малку, за една трошка, што не дошол на дофат на нешто, што одамна го гони, и кој што ги прави последните напори за да го достаса, да го прескокне, и така, постојано, сето време додека нивното градилиште се престоруваше во едно проколнато место, од кое чиниш сите сакаа што побргу да се витосаат и да се мавнат, во едно чумаво место, во една болна арена, по која што умираа, крварејќи, и лавот, и гладијаторот, кадешто им солзат очите на сите мајстори, бидејќи веќе сите добро знаеја дека она си беше отидено, дека црвениот лав на сонцето беше веќе бесповратно папсан.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Но, како и да е, грмежите ќе ги исплашат ѕверовите. Ќе се витосаат некаде.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
- Витосајте се, викнал трет каменоделец. - Што бутур ви е в грло да се клоцате?
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И туку што ме затепаа, јас им се стопорив и тие се витосаа како муви уплашени од опашката на коњот.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
А раширените рачички на куклата би го задавиле, иако не можат без него, само да го принудат да ги заборави витосните наречници.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Со пустиов маж... Кај го најде, кај го витоса.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Подобро да му плукнеме и двајцата на животот и да се витосаме во неврат!“
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Значеа ли дека ибн Тајко, длабоко одвнатре, сака само едно: да избега одовде, да се витоса во некој друг, поубав свет?
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Им даде ишарет на двајцата Турци што седеа дотогаш молчејќи, и кои рекоа на одење само „аирли олсун”, и прв се витоса низ порта како ветер, та портата се заниша и закрцка.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Тие кои тргнаа за да бидат спасени, се витосаа.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Да, наш, тежок, страшен пораз што не уништи, не здроби, не искорени и не витоса...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Гледам на ликовите од фотографиите и правам напор да ги видам патиштатата по кои се витосаа.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Ми даде една кутија „карелија“ и ме испрати неколку метри со зборовите –Бесвина се испусти, нишчо не остана од селото... до скоро некој камен од црквата имаше останато, ама и тоа се витоса...
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)