вкочани св.

вкочани (св.)

Вилиците на кловнот се вкочанети, неподвижни. Ретките, расклатени, и разјадени заби стиснати се еден врз друг. Од уво до уво, тие болат во коренот.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Се вкочануваше, стануваше дрво: неговите корења жилаво се пуштаа во млаката земја, цицаа некој опасен отров, го умртвуваа.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Тоа попладне нешто се случуваше. Од гранките на врбите паѓаа секакви птици и се вкочануваа, пеперугите и вилините коњчиња се распаѓаа иако штотуку ги рашириле крилцата, малечките свенуваа.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Најпосле: тоа беше нож кој на својот благ виножитен пат само за миг се вкочани во воздухот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Празнина. Лилавоста на предвечерјето го спушта небото, сѐ што е под него останува вкочането во некое исчекување.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Србин и Шишман, како што ги учеше фелдфебелот долу во градот, се потрудија колку што можат, но испадна едно млако вкочанување и собирање на вратовите во рамената.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Се вкочани, почна да ги врти очите, му е страв да се сврти назад.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Денес сум капнат, небричен. Ноќта е ведра, стегна цикна, на снегот се огледува месечината. Прстите сѐ повеќе ми се вкочануваат.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Таму во свеста се вкочанува времето на оној ден кога се оставил домот: со тој миг во сеќавањето непроменливи се луѓето што останале во селото, настаните врзани за нив и тој самиот меѓу тие луѓе и тие настани, божем из'ртел од себе и пошол да бара нешто што немал дотогаш.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Тоа поладне нешто се случуваше. Од гранките на врбите паѓаа секакви птици и се вкочануваа, пеперугите и вилините кончиња се распаѓаа, иако штотуку ги рашириле крилцата, млечките свенуваа.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Понекогаш, ноќе, додека барав и запишував реченица по реченица на овој реквием, чин на почит кон мртвите на кои им се восхитуваме за нешто од нивниот живот, ја замислував во полутемнина и во златна рамка како дело на стар мајстор, висока и чедна како Ерменка (сеедно што можела да биде од словенско или еврејско потекло), во темнолилав брокат или сомот од кој нежно се одвојува син појас; незините полуотворени усни се вкочаниле во миг на воздивка, градите под низа на бел корал или балтички јантар живи се но не дишат исчекуваат нешто, сепак, тукуречи како на чудотворна слика, дамарите на нејзиниот долг врат го отчукуваат времето на онаа вечност што не може да се нарече и враќање; рамениците стегнати во шал од кашмирска ткаенина се тесни, историјата не можела долго да се потпира на нив.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
За миг се вкочани. Уште само светлината од ѕидот играше на Калпаковото лице.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но умирачката, оче, има свој есап: половина лице ми е истинато и скаменето, утре можам да се вкочанам до ножните прсти.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но јас дека бев сам и првпат гледав мечка, се исплашив и ми се вкочани погледот во неа кое од страв кое од недоумица.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Штом едно догорче ќе се вкочани, таа го пали следното.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Устата ми е вкочанета, јазикот сосема мртов, а јас упорно се обидувам да ги забодам забите во долната усна, како да е тоа нешто што морам да го правам.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Погледот потполно му се вкочануваше додека цица.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Матвеј Николаевич стоеше бос, наведнат над заспаната ќерка; неговото лице беше вкочането сосема блиску до градите на Наташа; на Вадим му се причини дека тој мошне смрдливо и чкрипаво мласка.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
На самата помисла на тоа, снагата му се вкочани.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Му го опиша, како самата да го видела или да го почувствувала, вкочанувањето на телото на Кетрин штом тој ќе ја допреше, начинот на кој таа како и понатаму да го оттурнуваше со сета сила дури и кога нејзините раце беа цврсто обвиткани околу него.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Повеќе