влепи (св.)
Токму така рече, но Фисот му влепи една шлаканица и ја затвори вратата, а Земанек, таа курва, тоа добиче селско, не влезе повеќе.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Тој не ја погледна, но проговори нешто нејасно, а потоа веднаш се извини за, како што рече, „непристојноста на еден шеесетгодишен старец,“ на што Софија му влепи шамар и со тоа заврши сцената, бидејќи таа во истиот миг стана и со брзи чекори излезе низ вратата на ресторанот, силно удирајќи ја зад себе.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)