возврати (св.)
Ја прегрнува. Таа му возвраќа со страст.
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
Се свртев накај Величе која седи до мене во клупата, да видам дали таа нешто ќе стори, оти Величе е едно мошне бистро девојче кое знае да се снајде и во нејтешките моменти, ама таа не сакаше да ми возврати со поглед.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
- Ама, не ти се допаѓа многу, нели? - инсистирав. - Добар е, - пак кусо ми возврати.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Родителите ги успокојуваат дека е тоа за кусо време, дека така ветиле, дека мора да биде, зашто немаат со што друго да му возвратат на манастирот, на светецот, кој им помага и ги избавува од зло.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Дарителот им дава бакшиш на свирачите, и влегува во црквата да запали свеќа и да му се помоли на светецот да му го возврати дарот со здравје и живот и напредок на куќата и семејството.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Патрицијот имаше пријатели низ целото царство, и надвор од него – во Новгород, Стефан и Зосима ѓаконот, во Венеција браќата Винченцо и Паоло Пеголоти, чие гостопримство обилно им го возвраќаше кога тие го посетуваа во неговиот дом.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
„Па, би можело и така да се каже“, возврати Леонард Мид.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
„Има светлина од ѕвездите“, возврати таа.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
„Да“, возврати царот тажно. „Знам дека тоа е вистина. Моето срце беше со тебе во воздухот.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
И персоналот му возвраќаше со гласно извикување: „За добро здравје и долг живот, газда Вајс!“
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
„Од сила...“ му се смееше таа и му оставаше угризи по телото. Ѝ возвраќаше и тој.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
И така, преку толку преносници, ни преостанува само обидот одново да си го возвратиме грабнатото или тој институт што можел, што требал да се случи повеќе од еднаш.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
„Чоколадна декаденција”, возврати Френк со предлог, „со прелив од малини. Ух ох...“
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Добро, Пајо, возвратив со мисла. Ќе молчам и не ќе мудрувам веќе.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Ако се почитуваше вообичаениот ред на вакви средби, директорот на театарот – гостин требаше да возврати, но тој го задржуваше на лицето својот израз – клише, од кој не можеше да се разбере дали се согласува или не со изреченото.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
- Но, јас немам гости. – Возврати џвакајќи – Никогаш не сум била толку гостољубива за да ми дојдат гости на кои ќе можам да им призачувам од вакви слатки, преслатки работи!
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Возврати со чистинка на грлото низ кое зборовите се истураа сами: - Највеселата вечер на човештвото ја прогласувам за отворена!
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Ова требаше да ги доразбуди со општа смеа, ама никој не му возврати.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Големото лице му го возвраќаше погледот, полно со спокојна моќ.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Сеќавањето на мајка си му го кинеше срцето затоа што таа почина сакајќи го, додека тој беше премногу млад и себичен за да ѝ возврати со љубов и затоа што на некој начин, - не се сеќаваше како - таа се беше жртвувала себеси на едно сфаќање на лојалноста, кое беше приватно и непроменливо.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)