востанови св.

востанови (св.)

По сите тие причини, како и по полната убеденост во тоа оти не само бесполезно и невозможно е понатамошното успешно спротивставување, јас мислам дека наш долг е да ја замолиме македонската интелигенција што има влијание врз сегашното движење да го обрне својот поглед кон сериозноста на положбата, да го измисли патот и сите средства колку што може поскоро за да искаже полна доверба спрема постапките на заинтересираните големи сили во полза на Македонците и, откако ќе им даде ветување, да ја прекине понатамошната борба, да ги замоли да му се помогне морално и материјално на постраданото население да се поправи; да замоли да се воведат сите предложени реформи и тие што ќе најдат силите за нужно, како проширување на изработениот проект; да се отстранат пропагандите и да се востанови Охридската архиепископија со црковно-училишната автономија; амнестија на емигрантите и на сите четници; признавање на Словените во Македонија за одделна народност: Македонци, и внесување на тоа име во официјалните книги итн.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ако религиозните пропаганди се постараат да му попречат на здружувањето на македонската интелигенција и македонскиот народ меѓу себе, тогаш првото нешто што ќе потреба, тоа е да се образува во Македонија: Едина, Соборна и Апостолска црква, т.е. да се востанови Охридската архиепископија што ќе биде „Архиепископија всеја Македонии“.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ако овие барања сретнат отпор од некоја од пропагандите, тогаш да се моли турската влада и големите сили да се оддалечат од Македонија деморализирувачките пропаганди, да се востанови Охридската архиепископија, во рацете на која ќе премине црковно-училишното дело за сите христијански народности во Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Кога по бојот на Алинци, во 1912-та, српските војски ја завојуваа Потковицата, веднаш востановија своја, српска воена и цивилна управа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Не знаеше: да говори ли уште со неа, да ѝ каже дека металната болка во градите руши еден востановен закон.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Според Фаерабенд, нема објективни стандарди со кои може да се востанови вистина.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Сѐ што беше прифатено и востановено, кралот, црквата, стилот, тој беше против тоа.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Зарем Сталин не расели народи, не промени азбуки, не востанови нови граници во името на новото безграничие?
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Со нив се предвидувало: „а) Условите на капитулацијата мора јасно и точно да бидат ограничени на непосредните воени објекти на локално ниво. б) Вие не треба да давате никакви ветувања. в) Капитулацијата треба да биде јасен предмет на кој било инструмент на тотално предавање кој подоцна може да се востанови од Обединетите нации во однос на германската висока команда и/или влада.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Првин, таа се откорнуваше од своето семејство, од родното гратче Лесковик, на самата грчко-албанска граница, востановена по падот на Отоманската Империја, за да си го продолжи животот во Татковото патријархално семејство во Поградец, во периодот на монархиска Албанија, на брегот од Охридското Езеро, за потоа да ја следи егзилската судбина на Татко напуштајќи го засекогаш родното огниште и завршувајќи го животот, првин, во сталинистичка, па во Титова Југославија, во Скопје, главниот град на Народна Република Македонија.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
За обединувањето на македонските племиња и за создавањето на македонската држава пишува и Тукидид кој наведува дека од македонските кралеви Архелај направил најмногу од сите: изградил патишта, тврдини, востановил македонски „олимписки“ игри во Дион.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Инаку, како општо правило се востанови дека кај сторена неправилност за прв пат, забраната трае „до моментот на отстранување на неправилностите“, а кај непочитувањето на работното време – само седум дена, што е прилично малку.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
На крајот на масата, каде беше седнат татко ми, бидејќи тоа беше неговото востановено и неприкосновено место за седење, како некој да му го врачил по заслуга (се прашувам само кој ли ќе биде неговиот престолонаследник, бидејќи јас немав таква амбиција, а мојот брат по ниедна основа не го заслужуваше тоа).
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Вреди да се одбележи дека со оваа пресуда, и покрај ригорозните и репресивни законски мерки насочени против организирањето штрајк, се востанови еден одличен судски преседан дека „блокадите се суштина на синдикалното делување“ (зат. цит. – стр. 3).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во заклучокот потенцираат дека „сѐ додека политиката на големите сојузници во однос на Балканот е позната“, тешко е „да се процени релативната сила на спротивставените сили во Македонија, освен дека е востановен грчкиот карактер на грчка Македонија“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)