впише (св.)
Со пастрмките, како и порано, не излезе ништо. Уште при првото влегување на Бојан и Денко во вирот водата се замати и залудно беше сето нивно настојување да ги впишат под некој камен итрите риби.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Да цртате срца со стрелички и да ги впишувате во него моето и нејзиното име.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
И во обата случаја, се бришеа стари, а се впишуваа нови граници.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Границата лесно се впишува, ама тешко се брише.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Со силно разбирање на јавниот контекст, неговото впишување на алтернативни семиотички содржини во градот преку интервенции во јавниот простор воспоставува нов тип на однос помеѓу урбаната топографија и јавната уметност. 5.4.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Сакаше, по секоја цена, служејќи се со другите историски личности, да ја впише својата во вечната меморија на својот народ.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Кога дрвото покрај кое случајно минувате со задоволство ја претрпува болката од впишувањето на две имиња врз неговата кора со нож; кога истовремената појава на дожд од небото и солзи на вашето лице не може да се нарече случајност; кога светулка се дави во вирче, прета со наводенети крилца борејќи се за живот и притоа не заборава да ве награди со светлина; кога не знаете зошто одот одеднаш ви станува куц; кога не сте пијани, а од некои темни агли на едвај осветлената улица слушате тивко завивање и цивкање на куче; кога не знаете како сте станале дел од таква ноќ... сѐ што ви преостанува е да се гризете од бол и зачуденост.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
8.1 Вечното стебло страда од потајна ровја Му се умилкува на огнот што потонува в земја И ги впишува нашите имиња на небото Со хлорофил што капе на дланките на Мајка.
„Век за самување“
од Веле Смилевски
(2012)
Од ова може да се извлече логичен заклучок дека сега синдикатот на ниво на работодавач за да стекне статус на правно лице, освен уписот во Централниот регистер на РМ, претходно ќе мора да биде впишан и во регистарот на синдикати кој се води во МТСП, што претставува дополнителна отежителна околност при нивното конституирање.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)