впрегне св.

впрегне (св.)

И впрегнаа три чивта близнаци биволи црни.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Кому му се нозете лесни и снагата јака нека биволите веднаш ги впрегне во коли и тргне во Стан.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
И преку ноќта, само со двајца вооружени Турци на коњи ја впрегна тој колата, ги качи жена си и децата, и сите тргнаа за Охрид...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Можеше да работи. Можеше да се напнува и да се превиткува, впрегнат, можеше да совладува и да биде среќен.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тие сакаат да нè впрегнат во нивниот јарем како волови во кола и да бидеме нивни робови.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
И во суровото Толево срце се разбуди нежност и тој не можеше да ја скрие пред благодарноста на младиот пратеник што дојде да го прибере овој суров човек и го впрегне во благородниот јарем за општото народно дело.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Радост завладеала меѓу луѓето. Го врзале змејот со синџири и фртоми, ги впрегнале сите волови во селото и го искачиле змејот на брегот, го донесле до големата дупка - сандилија, на која дното не ѝ се гледало - и го фрлиле змејот внатре; ја наполниле дупката со големи камења и ја зарамниле со земја да нема трага од змејот.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Им објасни дека тоа ѝ го сторил светецот за да ја казни, зашто на некој од манастирските орачи кога подлегнал да преспие на нивата, му дошла таа и му го изела едниот вол; се исплашил тој и отрчал кај свети Наум и му кажал плачејќи; тој му рекол да се врати на нивата и таму ќе ја најде мечката впрегната во јарем.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Во тоа време Европа, ако знае дека се поминати шест или седум години откако Американецот Јозеф Хенри ги создал електромагнетите со голема сила (електричен мотор!), не знае дека во еден дел на Македонија мажите се впрегнуваат во рала и во двоколки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Над портата од манастирскиот двор, игуменот им ја покажа фреската на која е преставено уште едно од чудата на свети Наум: мечка впрегната во јарем ора со вол.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Затоа што Штраус и Момзен го беа впрегнале севкупниот углед на универзитетите во служба на победничката Германија, нивните француски хомолози сметале дека веднаш мора да се одговори.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Гледај разумот и чувствата да ти одат заедно како впрегнати во плуг; ако секој завлечка на своја страна - душата се разнебитува”.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Впрегнати во јарем, влечеа кола на две тркала.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Решија да го наклеветат кај логотетот, собитие непостоечко и грев непостоен да му измислат, во прв погоден час, и сите нивни сили, душата цела, ја впрегнаа како волови да сѐ, кон таа насока и цел.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Впрочем и млакиот допир на тагата е пијанство И твоите зборови исправени пред ѕидот на срамот И раката што ни мавта преку водите е пијанство И разбудените мравки на надежта растрчани од заборавените гнезда За да нѐ пресретнат Само за да нѐ пресретнат се пијанство И не прашувај дали среќата танцува И какви се нејзините чекори Времето ќе го престигне неоседланиот коњ и ќе го впрегне во колата на животот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Совршена едноставност која маестрално ја впрегнала најсложената сложеност на мислата (и на јазикот!) во јаремот на делничниот, обичен, најобичен збор со кој на јазикот му се враќа она што му се зело...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Раскостеното пајтонче ги впрегна сите коњи и со крајни сили ја искачи угорницата, за потоа олеснувачки и продолжително да се испрди на преслапот победоносно влечејќи го откачениот ауспух.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Клинкаше поднаведен бившиот народен учител, впрегнат во тој штурински пат, со широко размавтани раце, со крвничка мисла да ѝ стапи најпосле на судбината на грло, и да гмечи, и да гмечи.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Од спротивната страна ни доаѓа двоколка со впрегнат коњ.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Впрегнати под јаремот на таа голема желба тргнавме на пат со времето и по трагите на спомените кои се дел од нашето опстојување и постоење кое, како што рекле мудрите умови, е составка од многу минато и малку сегашност... ***
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Повеќе