вреден (прид.)
А пак треба да знаеш дека и носење вода овде не е ни поневредна и нечесна работа.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Стариот поп Трајко, како стар човек и вреден слуга божи, секоја недела става рано.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Колку си вреден ќе работиш, ќе јадиш лебот, ќе кинжи опинците.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
– Ти благодариме на милоста, кади ефенди. Со сѐ срце ќе му помогнеме на нашиот падишах што сме вредни – одговори пак аџи Јане.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
И Патрокле (нека му ги бере гревовите ортакот) ги брои тука деновите, ги дели ноќите со виновниците и со од мајка неродените. Сѐ заради ортакот - „човек лукав и вреден“.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Ортакот, човек вреден, немаше работа во која да не си ги замеша прстите.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Уште во детството, имаше малку луѓе во селото, што беа останати живи за да го паметуваат тоа, заминал Језекил првопратено на туѓина со некоја тајфа, сонувајќи и тој, како и сите други мажи во селото, со својата детска главичка, дека во тој свет, што пукнал пред него под пролетното небо, ќе изнајде и за себе нешто што ќе му биде доста за да го израдува и за да го прерани, дека ќе успее да сработи со своите вредни рачички за себе и за своите дома.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
И ова старче, со она негово пониско рамо, продолжуваше веќе и да си ги валка своите вредни раце со некакви ситни кражбички, и беше сѐ порадосно, мислејќи дека еднаш и тој мораше да дочека среќата да му се насмевне, сфаќајќи ги за своја среќа токму тие свои поеднипати и до смешност бесмислени кражбички.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Требаше да го победи, да го пребори, мислеше дека ќе може да го стори и тоа со оние свои вредни рачички, пред другите да го видат, а утредента сепак мораше да го однесе и него високо горе, на скелето, а од неговата тежина како да поигруваа под него широките мостови на скелињата и тој многу често се наоѓаше себеси вкопан, како глувче, во некое катче на таа височина и со секој ден неговиот ѕид почнуваше да заостанува со по неколку реда тули, од ѕидовите на оние, што ѕидаа од обете негови страни.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
- Многу си вредна, ама малечка си и треба повеќе да јадеш, - ѝ рече чичкото, гледајќи ја со топла насмевка.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
- Имам нешто многу вредно и убаво да ти подарам! - рече Бојан.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
И под земјата, рударот вреден, смел го копа нашиот лебец бел.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Попусто сите тие месеци беше толку примерен и вреден.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Но кога видел дека внатре нема ништо што да е вредно, од злато или од сребро, се налутил и го џитнал низ прозорецот.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Слушај, му реков еднаш в крчма, слушај, јас сум измама и помалку сум вреден од најлошиот лик на твоите платна.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
А, Наум? Ах, само да го знаеше ти него. Чуда можеше тој да направи со тие негови вредни раце. За сѐ го бидуваше.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Денот „Д” беше чудесно убав. Дар на природата. Никогаш поубав ден. Ден вреден колку еден живот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Додека останатите мислители и поети ги величаа мистериозните длабочини на германската душа и настапуваа како рушители на универзалното, тој се осмели да изјави: „Сеопштата трпеливост најсигурно ќе биде достигната доколку го оставиме намира сето она што ја создава особеноста на различните човечки единки и различните народи, сè останувајќи убедени дека дистинктивната црта на сето она вистински вредно се содржи во неговата припадност на целото човештво”.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Иглтон ја отфрла зачестената сугестија дека терминот станал повеќе проблематичен одошто вреден и го нуди следното како дефиниција: „идеи и уверувања кои помагаат да се легитимира интересот на една владејачка група или класа особено со изопачување и затајување.“
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
„Јас многу работам само кога крајот е вреден за тоа,“ рече тој, гледајќи во неа, и некое време двајцата се гледаа втренчено, обидувајќи се другиот да го собори погледот, сѐ додека тој не се насмеа со мал триумф и додаде, „или достижен.“
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)