генералштаб (м.)
Одлетале од некој таен аеродром во Канада на состанок некаде во Сибир и конферирале со членови на Евразискиот генералштаб, на кои им предале важни воени тајни.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Генералите на војските кои ја спроведуваа волјата на генералштабовите, владите на завојуваните страни, во Солун, се подготвуваа за големата војна.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Нудење на решение. Му предлагам на Генералштабот на АРМ, како лично мој мал придонес во усогласувањето со НАТО стандардите, под итно да издаде наредба за строга забрана на употребата на жаргонот на некогашната ЈНА!
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Во таква ситуација, Рузвелт ја поддржал идејата СОИ да се приклучи кон Заедничкиот генералштаб.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Основната работа на Одделот за разузнавање (Secret Intelligence - SI) на ОСС во Лондон била да ги прибира и да ги анализира стратегиските пораки што биле важни за Заедничкиот генералштаб на САД.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Поради ваквиот пристап на Донован кон улогата и местото на ОСС, било сосема природно тој да стапи во контакт со СОЕ за заедничкото планирање и изведување операции во моментот кога во 1942 година заедничкиот Англо-американски генералштаб решил САД да ѝ се придружат на Британија во "субверзивните" акции.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Според извори на грчкиот кралски генералштаб, а и според извори на комунистичкото раководство, на страната на комунистите се бијат 25 илјади борци од кои, тврдат, 11 илјади се Македонци.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)